Сиото џез е македонска рок група од Битола, формирана во 2022 година.[1] Името на бендот е игра на зборови од македонската фраза „Сиот тој џез“.

Сиото Џез
Животописни податоци
Познат(а) и какоSioto Jazz
ПотеклоБитола, Република Македонија
Жанрови
Период на активност2022 - денес
Издавачи
Мреж. местоnajjak.com/siotojazz
Членови
Мартин Петковски
Анастасија Трајковска
Ева Тодоровска
Илија Волчески
Благојче Ацески
Горазд Христовски
Мартина Стеваноска
Поранешни членови
Виктор Стојчески
Армин Амедовски

Бендот го сочинуваат Анастасија Трајковска (вокал), Ева Тодоровска (вокал, пратечки вокал, гитара), Мартин Петковски (гитара, пијано, вокал), Илија Волчески (саксофон), Горазд Христовски (бас), Благојче Ацески (тапани) и Мартина Стеваноска (пратечки вокал). За време на настапи во живо, групата понекогаш ја придружува Виктор Стојчески на перкусии.

Сиото Џез има издадено еден студиски албум наречен The True State of All Things во 2023 година. Снимањето на првиот албум го изведоа Мартин Петковски, Анастасија Трајковска, Ева Тодоровска и Илија Волчески. Подоцна им се приклучија Благојче Ацевски, Горазд Христовски и Мартина Стеваноска за изведби во живо.[2].

Сиото Џез во својот стил комбинира елементи од поп, алтернативен рок, панк рок, инди рок и џез. Како влијанија ги спомнуваат Херби Хенкок, Ник Кејв, The Smashing Pumpkins, The National, Men I Trust, Grimes и Спасен Силјаноски.[3]. Бендот користи комбинација од фаз-ефекти и џез ритми, при што се комбинираат длабок машки вокал со нежни женски вокали за создавање специфична интерпретација.

Историја

уреди

Формирање

уреди

Бендот е основан кон крајот на ноември 2022 година од Мартин Петковски и Виктор Стојчески. Почнале со изведба на песни од стариот бенд на Мартин, Ма3Ho, aMa He e, што прераснало во Сиото Џез.[4]. Анастасија и Ева се приклучиле кон почетокот на декември 2022 година. Тие заедно имале неколку заеднички настапи во тој состав во Битола.

The True State of All Things

уреди

Првиот албум на Sioto Jazz бил објавен на 29 септември 2023 година. Се снимал во периодот од март до август 2023 година и бил објавен на интернет од Kamai Audio.[5]. Албумот главно бил снимен од страна на Мартин Петковски во неговото домашно студио во Битола, наречено „Caymene Studios“ (игра на зборови од македонскиот израз „Кај мене“). Анастасија Трајковска и Ева Тодоровска ги испеале вокалните делови. Илија Волчески го свирел саксофонот, кој бил снимен во Melivora Studio во Нижеполе, Битола. Некои од гитарските делови беа снимени во нивната соба за проби, наречена Kamai Sobata Dolu. Дополнителни инструменти биле снимени од различни уметници ширум светот, меѓу кои Сантиаго Васкез (класична гитара) од Колумбија и Молфрид Вигдал (контрабас) од Норвешка.[5]

Мартин Петковски користел модифициран Squier Affinity Страт и Epiphone Дот Студио гитара со различни Fender засилувачи за снимање на гитарските делови. Тој користел Big Muff педала за дисторзија, DigiTech Digidelay педала за дилеј, DOD Gunslinger педала за дисторзија и Digitech Whammy 5 DT педала за промена на тоналитет. Бас деловите биле снимени од Мартин Петковски и Армин Амедовски на Squier Jazz Bass бас гитара. Сантиаго Васкез и Молфрид Вигдал ги користеле своите инструменти во своите студија за снимање на нивните деловите. Сите други инструменти биле снимени со MIDI влез од Мартин Петковски.[6].

Низ дванаесетте песни, „The True State of All Things“ е концептуален албум кој истражува теми како што се исчезнувањето на малите градови и места, личниот идентитет, изолацијата, тагата и љубовта на далечина.[3] Насловот на албумот е референца на албумот Microphones in 2020 од The Microphones, кој започнува со истиот стих. Албумот е инспириран од личните искуства на Мартин Петковски додека живеел во град кој се намалува секоја година, постојано губејќи пријатели и сакани поради физичката оддалеченост, што е рефлектирано во текстовите на песните.[7].

Настапи во живо

уреди
 
Sioto Jazz настапуваат на Beach Film Festival во Охрид, Македонија

Sioto Jazz настапиле на неколку концерти и фестивали во текот на 2024 година, најзабележителен бил настапот на Xotel во живо, објавен во почетокот на март 2024 година.[8]. Исто така, свиреле заедно со други македонски бендови како Фолтин на промоцијата на нивниот нов албум,[9] Pumpers на нивниот соло концерт во 2024 година, Beach Film Festival во Охрид, разни фестивали во Скопје и на Pin Music Conference.[10][11].

Членови

уреди
Музичари кои настапуваат во живо
Музичари кои порано настапувале во живо

Дискографија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Слушнете го првиот албум на Сиото Џез!“. popup.mk. Посетено на 2024-12-05.
  2. „Официјална веб-страница на бендот“. najjak.com. Посетено на 2024-12-05.
  3. 3,0 3,1 „Официјален опис“. najjak.com. Посетено на 2024-12-05.
  4. „Интервју со Скопско Смут“. youtube.com. 31 октомври 2024. Посетено на 2024-12-05.
  5. 5,0 5,1 „Официјална веб-страница на албумот „Вистинската состојба на сите нешта". najjak.com. Посетено на 2024-12-05.
  6. „„Вистинската состојба на сите нешта" на Spotify“. spotify.com. Посетено на 2024-12-05.
  7. „Текст на песната „Language" од Sioto Jazz на Genius“. genius.com. Посетено на 2024-12-05.
  8. „Sioto Jazz: XOTEL“. xotel.com. 14 March 2024. Посетено на 2024-12-05.
  9. "Фолтин" со концерт насловен "Симултан бакнеж" вечерва во Битола“. republika.mk. 16 August 2024. Посетено на 2024-12-05.
  10. „Sioto Jazz на Pin Music Conference“. pinconference.mk. Посетено на 2024-12-05.
  11. „МАРАТОН НА КОНЦЕРТИ 30.11. САБОТА“. youtube.com. Посетено на 2024-12-05.