Бери Манилоу

американски пејач

Бери Манилоу (роден Бери Алан Пинкус; 17 јуни 1943) ―американски пејач и текстописец. Со продадени преку 85 милиони плочи како солист, тој се вбројува меѓу најуспешните музичари на светот.[2][3] Негови најпознати песни се: Mandy (1974), I Write the Songs (1975), Looks Like We Made It (1977), Copacabana (At the Copa) и Can't Smile Without You.

Бери Манилоу
Бери Манилоу во 2019
Животописни податоци
Родено имеБери Алан Пинкус
Роден(а)17 јуни 1943(1943-06-17)(81 г.)
Њујорк, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • продуцет
Инструменти
  • Глас
  • пијано
Период на активност1964–денес
Издавачи
Мреж. местоbarrymanilow.com

Манилоу издал 13 платинести и шест мултиплатинести албуми.[4] Иако не бил омилен уметник кај музичките критичари,[5] Манилоу бил фален од другите музичари, вклучувајќи го и Френк Синатра, кој за Манилоу во 1970-тите рекол: „Тој е следниот“.[6]

Покрај тоа што продуцирал и аранжирал албуми за себе и за други музичари, Манилоу напишал и изведувал песни за мјузикли, филмови и реклами за компании како: McDonald's, Pepsi-Cola и Band-Aid. Петнаесет пати бил номиниран за Греми награда како продуцент, аранжер и изведувач, а победил еднаш.[7] Тој исто така продуцирал албуми номинирани за Греми за Бети Мидлер, Дион Ворвик, Ненси Вилсон и Сара Вон.[8]

Живот и кариера

уреди

Бери Манилоу е роден како Бери Алан Пинкус на 17 јуни 1943 година, во Бруклин, Њујорк.[9] Родителите на Бери се развеле кога тој бил бебе, а еврејското семејство на неговата мајка не дозволило понатамошен контакт помеѓу Бери и неговиот татко.[10] На Бери му било дадено презимето на мајка му, Една Манилоу, како ново презиме.[10]

Додека бил во средно училиште, ја запознал Сузан Дејкслер, а 1964 година се оженил со неа; бракот траел една година.[11] Додека бил студент работел во CBS за да си ги покрие трошоците. Подоцна студирал во школата за изведувачки уметности Џулијард.[12]

Во 1964 година, Манилоу го запознал Бро Херод, директор на CBS, кој го замолил да аранжира неколку песни за музичка адаптација на мелодрамата, The Drunkard. Манилоу напишал цела оригинална партитура.[13] До крајот на 1960-тите, тој заработувал со компонирање и пеење џинглови за радио станици и музика за реклами за мултинационални корпорации. Во 2009 година добил почесна Клио Награда за неговото дело во пишување и пеење џинглови.[14]

Во 1971 година, Бет Мидлер ја забележала изведбата на Манилоу и го избрал за нејзин пијанист на Континентал батс во Њујорк истата година. Манилоу бил продуцент на нејзиниот прв и втор албум The Divine Miss M (1972) и Bette Midler ( 1973).[15] Тој исто така бил нејзин музички директор за турнејата за промовирање на нејзиниот прв албум.[16] Во 1973 година, Манилоу бил номиниран за Греми награда за албум на годината за продукцирањето на „The Divine Miss M“.[17] Манилоу работел со Мидлер од 1971 до 1975 година.

Во јули 1973 година, Бери Манилоу под дискографската куќа Bell Records го објавил албумот Barry Manilow.

Во 1974 година, Манилоу го имал неговиот прв светски хит со песната Mandy. Песната била напишана од Скот Инглиш и прво била наречена Brandy. Со ова започнала светската кариера на Манилоу како еден од најуспешните пејачи во шоу-бизнисот. Mandy била прва песна од низата хитови кои ги објавил Манилоу, а кои се наоѓале на неговите платинести и мултиплатинести албуми: Tryin' to Get the Feeling, This One's for You, Even Now и One Voice. Манилоу продал 23 милиони плочи за 5 години.

 
Manilow (1979).

Во 1979 година, Манилоу го продуцирал „камбек“-албумот на Дион Ворвик (Dionne), нејзин прв платинест албум. Песната „I'll Never Love This Way Again“ од истиот албум освоила Греми награда.

Во текот на 1980-тите, Манилоу бил на врвот на Adult Contemporary радиските топ-листи со песните: „The Old Songs“, „Somewhere Down the Road“, „Read 'Em and Weep“ и преработката на „I Don't Want to Walk Without You“. Песните на Манилоу биле често емитувани на радио во текот на целата деценија. Во ОК, Манилоу имал пет распродадени концерти во Ројал Алберт Хол. Во 1984 година, во Соединетите Американски Држави, десет пати го наполнил Радио Сити Мјузик Хол со што продадени билети во износ од речиси 2 милиони долари поставил рекорд во 52-годишната историја на ова место.[18] Во 1980 година, албумот на Манилоу One Voice, со Дион Ворвик како негов гостин, бил номиниран за Еми за „Извонредно достигнување во музичкиот правец“.[19]

Во 1984 година, Манилоу го издал албумот 2:00 AM Paradise Cafe; џез/блуз колекција од оригинални мелодии снимени одеднаш во живо во студио. Истата година, Showtime емитувал документарен филм за снимањето на албумот на Манилоу во кој биле вклучени џез-легенди како Сара Вон и Мел Торме. Во 1985 година, Манилоу ја напуштил Arista Records и потпишал за RCA Records, со која го издал поп албумот Manilow и започнал фаза на меѓународна музика, при што изведувал песни и дуети на француски, шпански, португалски и јапонски јазик.

Во текот на 1990-тите Манилоу објавил многу преработени мелодии, почнувајќи со песните од албумот Barry Manilow од 1989 година. Потоа ги објавил албумите: Showstoppers, збирка песни од Бродвеј (1991), Singin' with the Big Bands (1994) и колекцијата на песни од крајот на 1970-тите Summer of '78 (1996). Деценијата ја завршил со снимање на албум посветен на Френк Синатра, Manilow Sings Sinatra (1998), издаден неколку месеци по смртта на Синатра.

По објавувањето на албумите Mayflower (2001) и Manilow Scores (2004), кои содржеле оригинални композиции, Манилоу објавил 4 албуми кои содржеле песни од одредена деценија: The Greatest Songs of the Fifties (2006), The Greatest Songs of the Sixties (2006), The Greatest Songs of the Seventies (2007) и The Greatest Songs of the Eightes (2008).

Личен живот

уреди

Манилоу се оженил со неговата љубов од средношколските денови Сузан Дејкслер во 1964 година.[11] По само една година, тој ја напуштил жената која ја сметал за „совршена сопруга“ поради потрагата по „чудесна музичка авантура“.[20]

Во 1978 година, Манилоу започнал врска со Гари Киф, кој наскоро станал негов менаџер. Тие се венчале во 2014 година, откако истополовите бракови биле легализирани во Калифорнија.

Наводи

уреди
  1. S. Victor Aaron (April 19, 2012). „One Track Mind: Barry Manilow, "Bandstand Boogie" (1975) | Something Else!“. SomethingElseReviews.com. Посетено на April 28, 2016.
  2. „Barry Manilow Broadway comeback hit by bronchitis“. BBC News. January 25, 2013. Посетено на August 4, 2017.
  3. „Hipgnosis acquires recording royalties for Barry Manilow catalog“. August 3, 2020.
  4. „The 50 best-selling music artists of all time, ranked by platinum albums“. Business Insider.
  5. Huey, Steve. „Barry Manilow Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на July 18, 2017. Посетено на August 3, 2014.
  6. Bardin, Brantley (December 1, 2015). „Mr. Generosity“. Palm Springs Life. Palm Springs, California. Архивирано од изворникот на April 7, 2017. Посетено на April 6, 2017.
  7. „Search Results for barry manilow“. GRAMMY.com.
  8. "Barry Manilow Receives 15th GRAMMY® Nomination for MY DREAM DUETS". Соопштение за печат.
  9. „Barry Manilow Biography: Singer, Songwriter (1943–)“. Biography.com (FYI / A&E Networks). Посетено на April 8, 2015.
  10. 10,0 10,1 „Barry Manilow: I'm a secret Irishman“. Independent.ie. Mediahuis/Independent.ie. May 21, 2012. Посетено на April 7, 2023.
  11. 11,0 11,1 „Inside Barry Manilow's Secret Wedding to Longtime Love Garry Kief: 'I Didn't Think It Was Going to Be That Emotional!'. Peoplemag.
  12. Празен навод (help)
  13. Music Theatre International. "The Drunkard". Соопштение за печат. Архивирано на 13 март 2008 г.
  14. „CLIO Video: Barry Manilow“. Adweek.com. May 15, 2009. Посетено на September 23, 2023.
  15. „Barry Manilow“. Архивирано од изворникот на June 29, 2006. Посетено на September 23, 2023.
  16. „Bette Midler: The Divine Miss M Tour (1972–73)“. Betteontheboards.com. Архивирано од изворникот на November 8, 2010. Посетено на December 3, 2010.
  17. „Barry Manilow“. November 28, 2017.
  18. People, The Dallas Morning News, November 3, 1984
  19. „Academy of Television Arts & Sciences“. Архивирано од изворникот на October 30, 2006. Посетено на November 21, 2006.
  20. Webber, Stephanie (April 8, 2015). „Barry Manilow Marries Longtime Manager Garry Kief“. Us Weekly. Посетено на April 8, 2015.

Надворешни врски

уреди