Синиот ангел

германски филм од 1930 г.

Синиот ангел е драма од 1930 година во режија на познатиот германски режисер Јосеф фон Стернберг.[1] [2]Овој филм е првиот германски звучен филм. Со негова помош голема слава стекнала дотогаш помaлку познатата глумица Марлен Дитрих. Таа била во улогата на Лола Лола која во филмот е пејачка. Песната која ја испеала,Ich bin von Kopf bis Fuss auf Liebe eingestellt, станала светски хит. Насловот на филмот на германски јазик гласи Der blaue Engel. Времетраењето на филмот е 99 минути. За место на снимање на филмот се смета Вајмарска Република и бил достапен на два јазика, англиски и германски. Сценариото е напишано од страна на Карл Цукмајер,Роберт Либман и Јосеф фон Стернберг. Овој филм е заснован на романот на Хајнрих Ман, Professor Unrat.

Наводи уреди

  1. „Синиот Ангел“. https://www.imdb.com/title/tt0020697/. Надворешна врска во |work= (help)
  2. / „Јосеф фон Стернберг“ Проверете ја вредноста |url= (help). https://www.imdb.com/name/nm0903049/?ref_=tt_trv_trv/. Надворешна врска во |work= (help)