Сина џамија (Тебриз)

Сината џамија (персиски :مسجد کبود Масџид-е Кабуд) е муслимански храм кој се наоѓа во Тебриз, Иран. Објектот бил изграден во 1465 година по наредба на Јахан Шах, владетелот на Кара Којунлу. Џамијата била на неколкупати оштетувана, но најмногу од земјотресот во 1779 година. Реконструкцијата на џамијата започнала дури во 1973 година, под покровителство на Министерството за култура на Иран, но ден денес сѐ уште не е завршена комплетно.

Сината џамија
مسجد کبو
Основни податоци
МестоТебриз, Иран
Координати38°04′24.91″N 46°18′03.88″E / 38.0735861° СГШ; 46.3010778° ИГД / 38.0735861; 46.3010778
Припадностислам
Осветен1465
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија