Синагога Кенеса (Киев)
Синагогата Кенеса е верски храм кој се наоѓа во Киев, Украина. Синагогата била дизајнирана од страна на Владислав Городетски, во периодот од 1898 до 1902 година во мавритански стил.
Синагога Кенеса | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Киев, Украина |
Припадност | јудаизам |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Владислав Городетски |
Завршен | 1902 |
во времето на Втората светска војна, објектот бил значително оштетен. По војната, објектот бил претворен во Украинска куќа на глумци како што е и денес. За разлика од повеќето други синагоги во Украина, оваа синагога не е вратена на еврејската заедница во земјата.