Симфонија бр. 53 (Хајдн)
Симфонија бр. 53 во Де-дур, Хобокен I/53, ― симфонија од Јозеф Хајдн. Често е нарекувана со поднасловот „Императорска“ (изворно: „L'Impériale“). Симфонијата е компонирана во1777 година. Оркестрирана е за флејта, две обои, фагот, две хорни, тимпани и гудачки инструменти.
Работата е во четири ставови:
- Ларго маестозо - виваче
- Анданте
- Менуето и трио
- Финале. Верзија А: капричо: модерато (Верзија Б: престо)
Вториот став е во двојна варијација, почнувајќи и завршувајќи во А-дур, а втората тема во а-мол.
Всушност, постојат две други верзии на Финалето. Хајдн ја зел увертирата на непозната опера која започнува во Це-дур, и ги скратил последните десетина такта за да заврши во Де-дур. Хауард Чендлер Робинс Лендон претпоставува дека Хајдн не ја компонирал третата верзија на Финалето, туку дека одговорен е друг композитор, ангажиран од издавачот „Sieber“. Ојленбуршкото издание, уредено од Робинс Лендон, ги вклучува и двете финалиња на Хајдн.[1] Преживеаната автографска партирура на второто финале нема делови од флејта или тимпани, па Робинс Лендон ги зел од хумелското издание. За делот за тимпани има ролни означени со „tr“ и брановидна линија (нешто што се појавува во ниту едно од другите ставови освен во уредувачката измена на Робинс Лендон во такт 16 од првиот став).
Л. П. Бурштајн ја забележал употребата на Хајдн на VII акорд и VII → V прогресија во четвртиот став, втора („Б“) верзија.[2]
Токму оваа симфонија за првпат го привлекло Хајдн кон публиката во Лондон, каде што била исклучително популарна.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ H. C. Robbins Landon, preface to score of Haydn, Symphony No. 53, D major (L'Impériale) Zurich, 1955.
- ↑ Burstein, L. Poundie (октомври 1998). „Surprising Returns: The VII in Beethoven's Op. 18 No. 3, and Its Antecedents in Haydn“. Music Analysis. Blackwell Publishing. 17 (3): 295–312. doi:10.2307/854418. JSTOR 854418.