Киселинска јачина
Киселинската јачина ја означува способноста на киселината, претставена со хемиската формула HA, да се раздели на протон, H+ и анјон, A-. Дисоцијацијата на силна киселина е делотворно целосна, освен во многу концентрирани раствори:
- HA → H+ + A−
Примери за силни киселини се хлороводородната (HCl), перхлорната (HClO4), азотната (HNO3) и сулфурната киселина (H2SO4).[1]
Кај слабите киселини дисоцијацијата е само делумна. Недисоцијацираната киселина и производите на нејзината дисоцијација оформуваат рамнотежа во растворот:
- HA H+ + A−
Оцетната киселина (CH3COOH) е пример за слаба киселина.[1] Јачината на слабите киселини се мери според нивната киселинска дисоцијациска константа, pKa вредност.
Јачината на слабите органски киселини понекогаш зависи од супститутивните ефекти. За неоргански киселини, пак, јачината зависи од оксидационата состојба на атомот со кој е врзан протонот. Киселинската јачина зависи и од растворувачот. На пример, хлороводородот е силна киселина во водни раствори, но слаба киселина во раствор со ледничка оцетна киселина.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Киселинско-базни титрации“. Институт за Хемија при УКИМ. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 2020-06-27.