Силистренски Пашалак
Силистренски Пашалак или Силистренски Ејалет (османлиски: ایالت سیلیستره; Eyālet-i Sīlīstrê[3]) познат и како „Ејалет Ози“ (османлиски ایالت اوزی; Eyālet-i Ȫzī) — пашалак (ејалет) на Османлиското Царство кој се наоѓал кај Црното Море и јужниот дел од реката Дунав. Создаден е во 1593 година и постоел до 1864 година.
Силистренски пашалак | |||||
пашалак на на Османлиското Царство | |||||
| |||||
Силистренскиот Пашалак во 1609 | |||||
Главен град | Силистра[1] and Özi 44°7′N 27°16′E / 44.117° СГШ; 27.267° ИГД | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1593 | |||
- | Укината | 1864 | |||
Површина | |||||
- | 1856[2] | 94.858 км2 | |||
Денес во | Турција, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина |
Пашалакот го опфаќал северниот и источниот дел на денешна Бугарија, територии на четири други земји: романска Добруџа, украинските подрачја околу Буџак (јужна Бесарабија до Бендер, Молдавија) и Едисан (јужно Приднестровие од Одеса до Балта), или речиси целиот реон кој бил под власта на Османлиите меѓу Истанбул и Кримското ханство, вклучувајќи ги сите градови помеѓу Варна и Очаков.
Главен град на пашалакот бил Силистра.