Силвија Балестра
Силвија Балестра (италијански: Silvia Ballestra ), ( 1969, Порто Сан Џорџо) - италијанска писателка[1].
Силвија Балестра Silvia Ballestra | |
---|---|
Роден(а) | 1969 Порто Сан Џорџо |
Националност | Италијанка |
Животопис
уредиБалестра е родена во Порто Сан Џорџо во 1969 година[2].
Нејзината творечка работа била откриена од критичарот и писател Пјер Виторио Тондели по што започнала од 1990 година да објавува романи, раскази и есеи .
Нејзина дебитантска книга била „Роденден на Игуана“ и била преведена на повеќе јазици[3].
Според романот „Војната на Анто“ било изработено сценариото за филмот „Војна на Анто“ од Рикардо Милани.
Поседува диплома за странски јазици и литература. Преведува од француски и англиски јазик. Соработувала во весникот Л'Унита како и во неколку неколку списанија и други весници[4].
Живее и работи во Милано.
Во 2006 година ја добила наградата „Рапало Карие“ за романот „Ла села Дора“.
Творештво
уреди- Соработка во антологијата, 1990[5].
- Роденден на Игуана, 1991
- Војната на Анто, 1992
- Младоста на Мис НН, 1998 година
- Втора Дора
- Ридовите покрај улицата. Патување околу животот на Талио Периколи, 2011
- Хронично од култот на Пријап, 1990 година
- Мечки, 1994
- Нина, Ризоли, 2001
- Придружник на полноќ, 2002
- Без мечки, 2003
- Сè за баба ми, 2005
- Втората Дора, 2006
- Против жените низ вековите, 2006
- Деновите на ротондата. Ризоли, 2009, (Награда Град Фабриано).
- Моите пријатели, 2014
- Кристин и град на дами, 2015
- Близу до земјата, Приказни за животни и мажи кои не ги забораваат кога сè трепери, 2017
- Новата сезона, 2019
Наводи
уреди- ↑ Silvia Ballestra
- ↑ „Bio e foto“. Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 2020-07-25.
- ↑ translated into a number of languages..
- ↑ „Festival Internazionale delle Letterature“. Архивирано од изворникот на 2020-08-13. Посетено на 2020-07-25.
- ↑ Libri di Silvia Ballestra