Серамско Море
Seram Sea (индонезиски: Laut Seram) — едно од неколкуте помали мориња помеѓу расеаните острови на Индонезија. Претставува дел од Тихиот Океан и зафаќа површина од околу 12.000 км2. Сместено е меѓу островите Буру и Серам (Молучки Острови). Овие острови со векови биле мошне прометни во морепловството и привлечни за освојувачите како природно одгледувалиште на зачини и мирудии како морско оревче, каранфилче и бибер. Во морето живеат и неколку видови тропски главочи и разни други риби. Како и останатите помали индонезиски мориња, Серамското Море е карпесто и се одликува со голема тектонска активност.
Опфат
уредиСпоред Меѓународната хидрографска организација, Серамското Море е една од водните површини на Источноиндискиот Архипелаг, со следниве граници:[1]
На север и североисток. Линија од ’ртот Дехеколано, источниот крај на архипелагот Сула, до западниот крај на Оби, долж неговиот јужен брег до ’ртот Сераммалолео, неговиот источен крај, а оттаму низ островите Тобалај, Кекех, Писанг и Кофијау до ’ртот Селе (1°26′S 130°55′E / 1.433° ЈГШ; 130.917° ИГД), западниот крај на Нова Гвинеја, надолу по брегот на Каруфа (3°51.5′S 133°27′E / 3.8583° ЈГШ; 133.450° ИГД).
На југоисток. A line from Каруфа, Нова Гвинеја, до југоисточниот крај на островот Ади, а оттаму до ’ртот Боранг, the Northern point of островот Нухујут [Кај Бесар] (5°17′S 133°09′E / 5.283° ЈГШ; 133.150° ИГД).
На југозапад и југ. Од северниот крај на островот Нухујут (Крот Кај) низ архипелазите Ватубела и Горонг до југоисточниот крај на Серам, долж неговиот северен брег до ’ртот Тандурубесар, северозападниот крај, а оттаму линија до ’ртот Батурухан, северниот крај на Буру [Буру], па долж брегот до ’ртот Палпету, северозападниот крај на островот.
На запад. Линија на ’ртот Палпету до ’ртот Вака, јужниот крај на островот Санана, преку овој остров до неговиот северен крај, а оттаму низ Манголскиот Проток до јужниот брег на Манголе (Сула) на [1°56′S 125°55′E / 1.933° ЈГШ; 125.917° ИГД].
Литература
уреди- Fairbridge, R. E. (1966). The Encyclopedia of Oceanography. New York: Halsted.
- Wang, James C. F. (1992). Handbook on Ocean Politics and Law. New York: Greenwood Press.
Наводи
уреди- ↑ „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)