Селевкија (тема)
Тема Селевкија (грчки: θέμα Σελευκείας, тема Селеукиас) била римска тема (воено-цивилна провинција) на јужниот брег на Мала Азија (современа Турција), со седиште во Селевкија (современ Силифке).
Тема Селевкија Σελευκεία, θέμα Σελευκείας | |||||
Тема на Римската Империја | |||||
| |||||
Карта на Темата Селевкија во рамките на Римската Империја во 1000 година. | |||||
Главен град | Исавриска Селевкија | ||||
Историски период | Среден век | ||||
- | Основана | 927–934 | |||
- | Освојување од Селџуцитете | 1070ти | |||
- | Римско преосвојување | 1099/1100 | |||
- | Освојување од Ерменците. | ок. 1180 | |||
Денес во | Турција |
Историја
уредиВо Доцната антика, пристанишниот град Селевкија бил престолнина на римската провинција на Исаврија и седиште на исаврискиот (Isauriae) комес.[1] Во VIII век, таа служела како подредена команда, најпрво под тумарх, а потоа и под дронгар, на поморската тема на Кивериот.[2] Како и да е, во раниот IX век се појавува како мала клисура (зацврстена гранична команда), поставена меѓу поголемите римски теми Кивериот, Анадолија, Кападокија и морето, и граничејќи со поседите на Абасидскиот Калифат во Киликија долж реката Ламос.[2][3] Според арапските географи Кудамах ибн Џафар и Ибн Хордадбех, во IX век клисурата ја сочинувале Селевкија како главен град и уште десет тврдини, со 5.000 мажи, од кои 500 биле коњаници.
Клезурата била подигната до статус на целосна тема некаде во времето на Роман I Лекапин (вл. 920–944), најверојатно ок. 927–934.[2][3][4] Според „За управувањето на Империјата“(De Administrando Imperio) на императорот Константин VII (вл. 913–959), темата била поделена на две команди, една за внатрешни работи и крајбрежна/поморска.
Регионот падна во рацете на Турците-Селџуци по Битката кај Манцикерт во 1071 година. Во тоа време, планинската внатрешност на регионот била претежно населена со Ерменци кои се населиле таму во текот на претходниот век.[2] Римјаните ја повратиле областа и ги преутврдиле Селевкија и Корикос во 1099/1100 година, по што станала повторно седиштето на римскиот воен управник (дукс). Таа останала римска провинција сè до кратко после 1180 година, кога била освоена од Ерменското Кралство Киликија.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Foss 1991.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Hild & Hellenkemper 1990.
- ↑ 3,0 3,1 Pertusi 1952 .
- ↑ Oikonomides 1972 .
Извори
уреди- Foss, Clive (1991). „Seleukeia“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. стр. 1866. ISBN 0-19-504652-8.
- Hild, Friedrich; Hellenkemper, Hansgerd (1990). Tabula Imperii Byzantini, Band 5: Kilikien und Isaurien (германски). Виена: Австриска академија на науките. ISBN 978-3-7001-1811-4.
- Oikonomides, Nicolas (1972). Les Listes de Préséance Byzantines des IXe et Xe Siècles (француски). Paris, France: Editions du Centre National de la Recherche Scientifique.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Pertusi, A. (1952). Constantino Porfirogenito: De Thematibus (италијански). Рим, италија: Biblioteca Apostolica Vaticana.CS1-одржување: ref=harv (link)