Секула Алексов
Секула Алексов — македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација.[1]
Секула Алексов | ||
Роден | 1874 Коњско, Охридско |
---|
Животопис
уредиСекула Алексов е роден во 1874 година во охридското село Коњско. Учествувал во Илинденското востание во 1903 година, во борбите кај месноста Бигла, а бил ангажиран и во снабдувањето со храна на востаниците во Охридско. Во 1912 година заминал на печалба во Романија, но за кратко време отпатувал во Софија, каде се приклучил кон Македонско-одринските доброволни чети.
Бил учесник во Балканските војни, кога бил ранет.[1]