Седум гревови е хумористична бразилска теленовела.Серијата е снимена во текот на 2007 година. Оваа серија е со забавен карактер, и предобра глумска екипа. Како една од главните улоги се појавува и Џована Антонели која ја паметиме во улогата на Жаде во серијата Клон. Првата епизода ја гледале 38% од населението.

Седум гревови
Жанрдрама, комедија, теленовела
Создадена одВалцир Караско
УлогиПрисцила Фантин
Рејналдо Гианечини
Џована Антонели
Пауло Бети
Воведна темаCarne e Osso, Zelia Duncan
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди150
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување18 јуни 2007 – 15 февруари 2008
Хронологија
СледбеникЧиста убавина (2008)
Надворешни врски
Мрежна страницаsetepecados.globo.com

Синопсис

уреди

Беатриз е разгалена девојка, богата и полна со гревови, која живее во добар живот и планира да го искористи до максимум. Таа го запознава Данте, млад таксист, кој е обичен човек. Во критичен момент, Данте и дава на Беатриз голема потпора, а таа одлучува да го освоји. На нејзино чудење, тој не паѓа на нејзината магија. Повредна од гордоста, Беатриз не сака да прифати дека се заљубила во него. Одлучува да го осовие Данте само да му се одмазди, но на крајот се заљубува во еден човек кој не ја сака. Беатриз наскоро паѓа во рацете на Барун, мистериозен човек од тајно друштво, кој води уште помистериозна жена, Агата. Беатриз ја понудува својата душа на Данте, а Барун и вели дека ќе ја стекне неговата љубов само ако го промене во целосност. Данте е чесен човек, со златно срце, и ако сака да го промени мора да му ги всади 7те смртни гревови, бидејќи еден грев оди кон друг. Само така ќе го натера да ја напушти неговата жена, Кларис, и своите две деца. Но, Беатриз се променува, сфакајќи ги своите вистински квалитети како би му помогнала на Данте, но секој пат се заплеткува во некоја чудна ситуација. Но, членовите на тајното друштво имаат и друг облик на сатисфакција. Таткото на Беатриз, археолог милионер, исчезнува во една несреќа, и своето богатство го остава на Беатриз, единствената призната ќерка. Така Беатриз ја издржува својата мајка Ребека, очувот Анселмо, бабата Корина, братот Ариел и сестрата Даниела. Мистериозната Агата планира да допре до тоа богатство, и затоа сака да манипулира со Беатриз на сите начини, и недостижната љубов спрема Данте ќе биде најдобро нејзино оружје за да го добие она што го сака. Сите седум гревови ги има употребено во оваа приказна. Беатриз ги содржи сите гревови. Злобноста дефинитивно ја носи нејзината мајка, Ребека, бивши модел која је зависна за пластилни операции и третмани за убавина. Живее како повторно би станала млада, и заради тоа користи секакви операции, третмани, лекови, кремови и шминки кои би и помогнале во тоа. Богатиот Ромеу има грев т.е тој е цинција и секогаш се обидува да ги спречи неговите внуки да трошат пари. Но, неговата сестра Отилија прави се како би ја прекинала таа романса, бидејќи не сака да го изгуби богатството на Ромеу. Елвира и Регис се пар кои носат грев на лудории. Братот на Данте, Регис има мала боксерска академија, но секогаш е без пари. Секогаш и ветува на Елвира дека еднаш ќе се венчаат, но венчавката никогаш не е на виделина. Фамилијата на Персеу и Минерва содржи грев на неумереност во јадење и пиење : тие и нивните деца Улисес и Ирене секогаш прават војна поради мало парче пица. Обожаватали се на храната и не престануваат да се дебелат, што ја плаши Неиа, партнерка во пицеријата, која настојува да ја спаси семејната фамилија од апсолутна пропаст. Ариел и Родолфо имаат грев на мрзливост, кој е толку голем што дури не стануваат ни по чаша вода. Педро содржи грев на љубомора, што ја чувствува спрема Беатриз, бившата девојка. И како би зго заклучиле кругот на седумте смртни гревови, ни останува уште еден : гревот на зависта која ја имаат Агата и Карла, сестрата на Кларис. За разлика д грешните ликови, некои ликови содржат и многу жештина. Почнувајќи од Данте и Кларис. На почетокот на приказната, Кларис гледа како Беатриз е нејзината најдобра пријателка и и ги поверува сите тајни, желби и надежи, но мајката на Кларис, Агрипина, ја предупредува дека Беатриз не е таква личност како што се чини. Подоцна, Кларис сфака каква е Беатриз, и дека и е најголема ривалка. Миријам е храбра директорка на јавната школа која е полна со проблеми. Нејзиниот недостижен идеал е спасот на школата од банкрот. Со помош на Маура, Линеу и Висенте, Миријам че направи се како би ги убедила своите ученици да учат, но ќе ја запознае и вистинската љубов спрема еден професор. И на крајот ни останува Кустодиа, ангелот чувар на Беатриз. Таа е прав ангел, пратена на земјата како би ја поправила Беатриз, заедно со својот шеф Габриел, архангел. Заедно одат да работат во куќата на Беатриз, тој како кувар, а таа како слугинка. Кустодиа ја уверува Беатриз дека ќе биде среќна само кога ќе го пронајде човекот со душа на ангел. Само постои проблем, Кустодиа не видела на нејзините карти дека тој човек е во брак. Обидувајќи се да и помогне на Беатриз, Кустодиа и самата ќе се сплети во вистински смешни неприлики. .

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Присцила Фантин Беатриз Фераз
Рејналдо Гианечини Данте Флорентино
Џована Антонели Кларис Флорентино
Пауло Бети Флавио
Клаудија Раја Агата / Апаресида
Елизабет Савала Ребека
Марсело Новаес Висенте
Клаудија Хименес Костудиа
Ари Фонтура Ромеу

Интернационално издание на музика од серијата

уреди

Интернационално издание

уреди
  1. LDN - Lily Allen
  2. Rehab - Amy Winehouse
  3. Baby, Baby, Baby - Joss Stone
  4. Until the End - Norah Jones
  5. Like a Star - Corinne Bailey Rae
  6. Over my Head (Cable Car) - The Fray
  7. Divine - Colin Munroe
  8. Bubly - Colbie Caillat
  9. Million Faces - Paolo Nutini
  10. She's Madonna - Robbie Williams
  11. Reach - Gloria Estefan)
  12. Sugar and Spice - Zach Ashton
  13. The Story - Brandi Carlile
  14. Love is a Many Splendored Thing - Matt Monro

Надворешни врски

уреди