Чиста убавина
Чиста убавина (португалски: Beleza Pura) е романтична бразилска теленовела. Серијата во Бразил почна да се снима кон крајот на 2007 год. за со прикажување да започне на 18 февруари 2008. Серијата е создадена од Андреа Малтароли, а дел од глумската екипа нам ни е позната од новелата Америка.
Чиста убавина | |
---|---|
Жанр | хумористична теленовела |
Создадена од | Андреа Малтароли |
Улоги | Едсон Целулари Региане Алвес Каролина Фераз Кристиане Торлони |
Воведна тема | Beleza Pura, Skank |
Земја на потекло | Бразил |
Првичен јазик | португалски |
Бр. на епизоди | 178 |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Глобо |
Првично прикажување | 18 февруари 2008 – 12 септември 2008 |
Хронологија | |
Следбеник | Три сестри (2008/9) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | belezapura.globo.com |
Синопсис
уредиГилерме Медеирос е авијатички инженер. Тој е женкар, кој живее само за да се задоволи себе и жените од парите што ги заработува од хеликоптерите кои ги проектира. Неговиот нов проект е Карака. Еден од купувачите е ексцентричниот Олавио Педернеирас, кој заедно со него и цела екипа, оди во Амазонија да сними програма за естетика. Но, во една интрига со цел да го уништи Гилерме, Норма Гусмао, негова пријателка и колешка која е очајно вљубена во него, извршува саботажа врз хеликоптерот и при тоа загинуваат Олаво, естетичарката Соња Амаранте, новинарката Марсија, писателот Алекс и хемичарот Матеус. Жоана е дерматолог која како бебе била оставена во сиропиталиште од страна на мајка и, и сега, со парите што ги стекнала како директорка на клиниката за пластична хирургија Ренато, решава да најми детектив. Но Соња тукушто умира. Судбините на Гилерме и Жоана се вкрстуваат кога таа тропнува на вратата од куќата на мајка и и го сретнува Гилерме како се грижи за нејзините најмлади браќа. Уништен, и чувствувајќи вина за смртта на луѓето во несреќата, Гилерме одлучува да ги посвои Клаус и Доминик, и да го реализира својот проект: клиника за естетика „Чиста убавина“, проект кој и Соња сакала да го оствари. Како добар инженер, тој се вплеткува во многу збунувачки ситуации, бидејќи не разбира ништо од козметика и производи за убавина. Тој и Жоана ќе се вљубат и ќе имаат убава врска, сè додека Норма не се врати во нивните животи. Сега има потпора од Ренато, кој е вљубен во Жоана. Одвоени, Гилерме и Жоана ќе станат соперници кога таа ја отвора фризерницата Ивете, клиника пред клиниката на Гилерме. Помеѓу љубовни и професионални збрки, страста меѓу парот сè повеќе се зголемува. Паралелно со тоа, во животот на Гилерме се појавуваат роднини на загинатите: Едуардо, вдовец на Марсија, кој ќе се вљуби во Дебора, вдовицата на Алекс. Хелена, вдовицата на Матеус, која ќе одлучи да застане место него за да најде добра работа за да го лечи своето болно дете, Хуго. И Робсон, далечен роднина на Олаво, кој го наследува целото богатство, но бескрупулозниот адвокат Жозе Енрике го измамува. На денот на венчавката на Гилерме и Жоана се појавува Соња. Таа и останатите четири души од летот Каркара преживеале и биле изгубени на остров. Тие се враќаат во животите на нивните роднини. Соња, посоветувана од Норма, ќе направи се за да ги земе децата, и да ја уништи Жоана и клиниката на Гилерме.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Едсон Целулари | Гилерме |
Региане Алвес | Жоана |
Каролина Фераз | Норма |
Кристиане Торлони | Соња |
Умберто Мартинс | Ренато |
Исис Валверде | Ракели |
Леополдо Пачеко | Раул |
Марсело Фариа | Робсон |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 4 август 2008 г.
- Теледраматургија Архивирано на 18 февруари 2008 г.