Седумте јунаци (сказна на браќата Грим)
„Седумте јунаци“ (германски: Die Sieben Schwaben) — сказна на браќата Грим, првпат објавена во второто издание на нивните приказни од 1857 година под бројот 119.
Содржина
уредиСе сретнале седум јунаци и решиле заедно да патуваат по светот, а за целата група си направиле само едно копје. Кога пристигнале на една ливада, тие виделе пчела и многу се исплашиле, а потоа помислиле дека ги нападнало едно гребло и се предале, но потем сфатиле дека тука нема никој за да ги зароби. Подоцна, поминувале преку една нива на која виделе зајак и, мислејќи дека е чудовиште, сите го нападнале, но дури кога тој почнал да бега, сфатиле дека се работи само за зајак. Најпосле, тие пристигнале на една река. Еден од нив се обидел да ја премине реката, но заглавил во тињата. На неговата капа се искачила жаба која почнала да крека, а останатите помислиле дека нивниот водач ги повикува да влезат во водата. Така, сите јуанци заглавиле во тињата и почнале да бараат помош. Тогаш ги спасил еден рибар, а потоа јунаците се согласиле дека е подобро да се вратат дома.[1]
Изданија на македонски јазик
уреди- „Седумте јунаци“, во: Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972.
Наводи
уреди- ↑ Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972, стр. 21-23.