Север
(Пренасочено од Северно)
Север е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од југ и на 90 степени од исток и запад. Во навигацијата со компас, север е означен со агол од однос 0° или 360°.
Географски север е во насоката на северниот крај на оската околу која се врти земната топка, завршувајќи со Северниот Пол.
Магнетен север е во насоката на северната магнетна точка која варира и е обично далеку од северниот географски пол.
Север како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Север“ — роман на францускиот писател Луј-Фердинанд Селин од 1960 година.[1]
- „Север“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[2]
- „Север, југ, исток и запад“ (англиски: North, South, East and West) — песна на австралиската рок-група Чрч (The Church) од 1988 година.[3]
- „Голем ден на север“ (англиски: A Big Day in the North) — песна на британската поп-рок група Хепи Мандис (Happy Mondays) од 1995 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći. Beograd: LOM, 2019.
- ↑ Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 47-48.
- ↑ YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
- ↑ DISCOGSBlack Grape – It's Great When You're Straight...Yeah (пристапено на 1.9.2019)