Северен мост (Киев)

Северен мост (украински: Північний міст) е мост кој минува низ реката Днепар во престолнината на Украина, Киев.

Северен мост
Північний міст
Северен мост
Координати50°29′26″N 30°32′09″E / 50.49056° СГШ; 30.53583° ИГД / 50.49056; 30.53583
НосиАвтомобилски
ПреминуваДнепар
МестоКиев, Украина
Особености
Вкуп. должина816 m
Ширина31.4 m
Висина119 m
Историја
ПроектантA.V.Dobrovolsky
ИнженерG.B.Fux
Почнат1971
Отворен1976-12-03
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Мостот е дизајниран од страна на архитектот Анатолиј Доброволски, и истиот започнал да се гради во 1971 година, а во употреба бил пуштен во 1976 година. Мостот е долг 816 метри и широк 31,4 метри. Висината на кулата на мостот е 116 метри.

Во 1983 година била отворена тролејбусна линија.

Во 2005 година, мостот бил реновиран и од истата година сообраќајот се одвива во три ленти во секоја насока, при кое секоја од нив е широка по 2,2 метри, а додека пак тротоарите се 2,85 метри.