Св. Димитрија (Долна Чарлија)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Димитрија

Карта

Местоположба 41°8′26″N 21°26′20″E / 41.14056° СГШ; 21.43889° ИГД / 41.14056; 21.43889
Основни податоци
Место Долна Чарлија
Општина Могила
Тип

 осамен наод


Период римско време
Портал „Археологија“

Св. Димитријаархеолошко наоѓалиште во битолското село Долна Чарлија. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во олтарот на црквата „Св. Димитриј“, чијашто чесна трпеза е направена од мермерна ара врз која е поставена мермерна плоча. Внатре, во југоисточното ќоше на црквата е вграден фрагмент од мермер, на јужниот влез има мермерен блок поставен како праг, а во југозападното ќоше од надворешната страна се вградени уште два мермерни блока. Потеклото на овие сполии не е познато.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069