Архангел Урил
Урил (אוּרִיאֵל „Светлина Божја“) е еден од архангелите по рабинските преданија, како и по извесни христијански преданија.
Архангел Урил | |
---|---|
Икона на Архангел Урил | |
Архангел | |
Почитуван(а) во | Јудаизам, Православна црква, Древноисточни цркви, Англиканска заедница, Источнокатоличка црква |
Слава | 8 ноември (Источно христијанство), 29 септември (Западното христијанство) |
Обележја | Огнен меч, сончев диск, оган во дланката на раката, книга |
Заштитништво | Поезија, уметност |
Ангелите споменати во хебрејската Библија не се именувани. Се смета дека поединечните имиња на ангелите се донесени од евреите од Вавилон. Од седумте ангели од еврејската ангелологија, во писанијата по име споменати се само Гаврил, Михаил и Рафаил, па така полека станале канонски.
Кога се додава четврт ангел, за претставување на четирите страни на светот, Ова е обично Урил (Jewish Encyclopedia). Христијанските гностици исто така го даваат како четврт (под името Хануил), од Грегориј Велики, а и во ангелологијата на Псевдо-Дионис. Урил е третиот ангел наведен во СоломоНовиот завет, а четвртиот е Саврил.
Урил го среќаваме и во Втората книга на Есдра, апокрифен додаток на апокалиптичната книжевност кон Есдра, во кој пророкот Езра му поставува низа прашања на Бога, а тој го праќа Урил за да го подучува. Според Окткровението на Ездра, ангелите кои ќе владеат на крајот на светот се Михаил, Гаврил, Урил, Рафаил, Гавутелон, Вевур, Зевулеон, Акер, Арфугитон. Последниве петмина се јавуваат само тука и на ниедно друго дело.
Урил се смета за херувим и ангелот на покајанието[1]. „Тој стои на портата на Рајот со огнен меч“ [2] или како ангелот кој „надгледува громови и ужас.“[3] Во Петрова апокалипса тој се јавува како ангелот на покајанието, кој графички е претставен како безмилосен како било кој деном. Во Животот на Адам и Ева, Урил се смета за духот (т.е. еден од херувимите) во третата глава на Битието. Се смета дека бил еден од ангелите кои погонал да се закопаат Адам и Авел во Рајот.
Извирајќи од средновековните еврејски преданија, Урил станал и ангелот на денот недела (Jewish Encyclopedia), ангелот на поезијата, е еден од Светите сефири. Урил бил оној што се борел со Јаков кај Фануил и тој е прикажан како уништувачот на домаќините на Сенахирим.
Во современата и само маргинално христијанска ангелологија, за Урил се вели дека е серафим, херувим, намесник на сонцето, светлина Божја, ангел на Божественото присутност, претседавач над Тартар (пеколот), архангел на спасението, и во подоцнежни писанија, поистоветуван со Фануил „лик Божји“. Често е прикажан како носи книга или папирусна ролна која ја претставува мудроста. Урил е и покровител на уметноста.
На Римскиот собор во 745, папата Св. Захариј, намеравал да го разјасни црковното учење на тема ангели и да ја спречи тенденцијата кон богослужение на ангели, ја осудил опсесијата со ангелски интервенции и ангелопоклонството, но ја потврдил и одобрил практиката на почитување на ангели. Овој синод исфрлил многу имиња на ангели од списокот на оние кои можат да се почитуваат во Римската црква, меѓу кои и Урил. Така останало дозволено само почитување на архангелите споменати во признаениот католички канон: Михаил, Гаврил и Рафаил.
Во првата половина на XI век, следбениците на т.н. дуалистичкиот ерес Богомилство правеле ритуали за повикување на Урил.
Во Златна легенда, Урил е еден од ангелите на планетите - ангел на Марс. Како таков споменат е и на други места.
Веројатно највисоката функција на Урил е Ангел на присутноста, Кнез на присутноста, Ангел на ликот, Ангел на осветувањето, Ангел на славата. Кнез на присутноста е ангел кому му е дозволено да биде во Божја присутност.
Писмено, наоѓаме соопемнување на ангел на присутноста во Исаија 63:9 —
Во сите нивни тешкотии Тој ги сожалуваше, и Ангел на Неговата присутност ги избавуваше; поради Својата љубов и сомилост, Самиот ги откупи, ги дигна и ги носеше во сите дни на древноста.
Белешки
уреди- ↑ Адамова книга
- ↑ Abbot Anscar Vonier, 1964. 'The Teaching of the Catholic Church'
- ↑ 1 Енох?
Поврзано
уреди
Седум свети архангели |
Варахил | Гаврил | Јегудил | Михаил | Рафаил | Салатил | Урил |