Св. Андреја (брана)

За други значења на поимот Св. Андреја видете на појаснителната страница

Свети Андреја e лачна бетонска брана и таа претставува прва брана изградена во Македонија, односно изградена e во 1938 година. Сместена е на излезот на реката Треска од тесната клисура, блиску до Скопје. Таа е функционално и естетски одлично е вклопена во теренот и е проектирана од страна на архитектот Миладин Пеќинар. Градежните работи поврзани со нејзината изградба целосно завршиле во 1938 година кога всушност бил изграден патот кој денес води од браната до манастирската црква Св.Андреја и планинарскиот дом. Дотогаш патот до Св.Андреја бил исклучително тежок и тешко достапен.[1] Висока е 29,5 m, долга 64 m, со волумен од 3.000 м3. Конструирана е со 10 хоризонтални лака, со челен прелив со тунелски одвод во десниот брег. Наменета е за производство на електрична енергија, односно за акумулирање на водите, кои потоа поминуваат низ турбините на ХЕ Матка и ХЕ Св. Петка. Браната е единствена ваква во светот. Таа е во облик на лак, а прстените во неа се независни еден од друг така што ако тие пукнат не може да се случи хаварија. Св. Андреја е училиштен тип централа бидејќи во неа се е видливо, до работното коло, за разлика од поновите брани, во кои сите делови се блиндирани. Браната намерно не е повисока од 30 метри за да не се случи ако надојдат водите, да се поплави Андреашкиот манастир.

Св. Андреја
Св. Андреја
Поглед кон браната
Брана на: Треска
Тип лачна бетонска брана
Должина 64 m
Висина 29,5 m
Датум на отворање 1938
Податоци за езерото
Езеро Матка

Браната преживеала две поплави. Првата, која шест месеци ја блокирала нејзината работа, била во 1962 година. Езерото тогаш било блокирано од нанос на дрва. По втората поплава, која се случила во 1979 година, вработените успеале за седум дена да го средат хаосот и да ја стават браната во функција.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Sarić, Miloje R. (1996). Lives and work of the Serbian scientists (англиски). Српска академија наука и уметности.
  2. „Хидроцентралата "Матка" значи живот за Скопје“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2010-08-30.