Набатејски јазикјазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и бил зборуван и пишуван од страна на Набатејците. Со пропаѓањето на Персија, арамејскиот јазик започнал да ја губи значајноста околу регионот на Блискиот Исток. Сè повеќе започнало да се употребува грчкиот јазик. Така, наеднаш од една голема писмена култура на Арамејците, таа започнала да се распаѓа на повеќе делови, и сè повеќе старите дијалекти започнале да се користат во употреба и да прераснуваат во писмени јазици. Така, и набатејскиот јазик започнал да се развива како еден од тие дијалекти. Натписите кои биле пронајдени и кои датираат од околу II век п.н.е. го потврдува само месното развивање на арамејскиот јазик.

Набатејски јазик
Застапен воБлизок Исток
Јазично семејство
ПисмоНабатејска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3