Правило на заедницата
Правило на заедницата (хебрејски: סרך היחד, Serekh haYahad), со ознака 1QS е еден од првите свитоци откриени кај Кумран, дел од Свитоците од Мртвото Море. Правилото на заедницата е главен документ според кој се оценуваат другите ракописи дали се секташки или не.
Идентификување
уредиРакописот бил најден во пештерата 1, и на почеток бил наречен „Правила за дисциплина“ од страна на Милар Бароу. Денес има ознака 1QS. Бројни фрагменти од овој документ биле најдени во пештерите 4 и 5 (4QSa-j, 5Q11, 5Q13). Други два документи, Правило на конгрегацијата (1QSa) и Правило на благословот (1QSb), биле најдени во истиот свиток како 1QS. На почеток се сметало дека се дел од „Правило на заедницата“, но денес се сметаат за посебни. „Правило на заедницата“ содржи текстови во кои има зороастриско и римско влијание, во кои се зборува за војна меѓу ангелот и злото, кои се претставени како Темнина или Сатана наспроти Синовите на Израел или Светлината.
Меѓу научниците постои дебата за тоа каква е поврзаноста на овој текст со заедницата која живеела во близина. Повеќето се согласуваат дека тука живеела заедница на луѓе со еврејска религија, идентификувани како „Есени“. Интересно е да се напомене дека овој свиток содржи ритуал за прочистување со потопување, а во близина на Кумран биле пронајдени десет ритуални бањи. Голем дел од дебатата за тоа дали овие луѓе биле Есени е поврзана со описот на Јосиф Флавиј за Есените, кој ги опишува другите „филозофски школи“ во детали. На пример, Јосиф опишува детали за тоалетните навики на машкиот монашки ред, а откритијата на тоалети кај Кумран се различни од она што го опишал Јосиф. Друга дилема што се појавува во врска со тоа дали тие луѓе биле Есени, е поврзана со жените. На гробиштата се најдени неколку костури на жени, што укажува дека луѓето кои живееле тука не биле Есени.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Правило на заедницата
- An Online Transcription of Dead Sea Scroll 1QS (The "Manual of Discipline")
- Превод на англиски
- Williams, Tyler F. "1QS: The Community Rule (Manual of Discipline). Архивирано на 15 јуни 2009 г." Codex:biblical-studies.ca Retrieved August 2, 2007.