Светошинскиот реон (украински: Святошинський район) е административен реон во Киев, главниот град на Украина. Како резултат од последната административна поделба на градот која била спроведена во септември 2001 година, според одлуката на Киевскиот градски совет на 1 јануари 2001 година името на реонот бил преименуван во Светошински реон. Претходно, во советско време реонот се нарекувал Ленинградски.

Светошински реон
Святошинський район
Киевски реони
Грб на Светошински реон
Местоположба на Светошински реон
Општина Украина
Област Киев
Површина
 • Вкупна110 км2 (40 ми2)
Население
 • Вкупно318 400
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Мреж. местоhttp://www.svyatoshin.kyiv-city.gov.ua/

Во областа се наоѓаат пет паркови со вкупна површина од 65,75 хектари. Се граничи на Оболонски реон, Подолски реон и Соломенски реон.