Светлана Герасименко
Светлана Ивановна Герасименко (руски: Светла́на Ива́новна Герасиме́нко; украински: Світлана Іванівна Герасименко), родена на 23 февруари 1945 година во Баришевка, Киевска област, е советски, украински и таџикистански астроном.
Светлана Герасименко Світлана Іванівна Герасименко | |
---|---|
Светлана Герасименко | |
Роден(а) | Светлана Ивановна Герасименко 23 февруари 1945 Баришевка, Киевска област, Украинска ССР |
Живеалиште | Душанбе, Таџикистан |
Државјанство | СССР Таџикистан |
Полиња | Астрономија |
Познат по | откривање на комета |
Позната е по откривањето на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко на 20 септември 1969. Првото успешно слетување на површината на комета се случи токму на оваа комета, на 12 ноември 2014 кога леталото Филе се спушти на нејзината површина.