Сведоштва 2001
Сведоштва 2001 ― книга напишана од македонскиот генерал Панде Петровски[1][2] во 2006 година.
Автор | Панде Петровски |
---|---|
Изработувач на корицата | Весна Филиповска |
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски |
Серијал | Војна и политика |
Предмет(и) | Воен судир во Македонија во 2001 година |
Издавач | Киро Дандаро |
Издадена | 2006 година |
Медиум | Печатен облик |
Страници | 234 |
ISBN | 9989-785-82-1 |
355.48(497.7) |
Синопсис
уредиГенералот ја објаснува улогата на Соединетите Држави во кризата преку предлозите на Military Professional Resources Inc. за реорганизација на Армијата на Република Македонија (АРМ) и Министерството за одбрана кои ја откриле стратегијата на Соединетите Држави за подготовка на Република Македонија за пораз одвнатре во случај на војна.[3] Петровски го опишува и неговиот разговор со претседателот Борис Трајковски откако од него било побарано да се врати и да им се придружи на вооружените сили пред да започне судирот.[4]
На прашањето од генералот:
- Зошто ме пензиониравте кога не ги исполнив условите за тоа?
Претседателот одговори:
- Генерале, кога бев избран за претседател не ве познавав вас генералите. Генерал-мајорот „Ричард Грифитс“ на Соединетите Држави, ми донесе список со задачи што требаше да ги завршам, а кои генерали да се пензионираат, па јас го потпишав списокот.[5]
Внимание на медиумите
уредиМајка на една од жртвите на македонските одбранбени сили изјавила дека и еден месец по објавувањето на книгата не може да се најде во ниту една книжарница во Скопје, морала да оди директно во канцеларијата на издавачот за примерок.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Панде Петревски (1943-2006), генерал во пензија“. Утрински весник. 3 јануари 2007. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 8 јули 2023.
- ↑ „Почина генерал Панде Петровски“. Вест. 3 јануари 2007. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 8 јули 2023.
- ↑ „America's Role in Macedonia's Dilemma (1991 – 2013) Second Edition P.102“ (PDF). Risto Nikovski. 2014. Посетено на 8 јули 2023.
- ↑ „America's Role in Macedonia's Dilemma (1991 – 2013) Second Edition P.103“ (PDF). Risto Nikovski. 2014.
- ↑ Сведоштва 2001, ст.15, Г-р Панде Петровски, Киро Дандаро 2006.
- ↑ „Зошто не е споменат масакрот во Вејце?“. Утрински Весник. 1 ноември 2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 8 јули 2023. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)