Сања Божиновска (р. 8 јуни 1980 година во Скопје) — инженер и експерт во областа на енергетиката. Таа е моментално Министерка за Енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сања Божиновска
Министер за Енергетика, рударство и минерални суровини
На должноста
Стапил
23 јуни 2024
Претседател Гордана Силјановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник нема
Лични податоци
Роден(а) Сања Божиновска
8 јуни 1980(1980-06-08)(44 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Државјанство
  • Македонско
  • Чешко
  • Бугарско
Народност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Занимање инженер
Вероисповед Православие

Животопис

уреди

Сања Божиновска е искусен енергетски консултант со меѓународно искуство во областа на енергетските проекти и инвестиции. Родена е на 8 јуни 1980 година во Скопје и поседува тројно државјанство - македонско, чешко и бугарско.

Божиновска ја започнува својата академска кариера на Англо-Американскиот Универзитет во Прага, Чешка, каде што од 1998 до 2002 година студира бизнис администрација и политички науки. Потоа го продолжува своето образование на Универзитетот во Гронинген, Холандија, каде што во периодот од 2003 до 2004 година завршува магистерски студии по интернационален бизнис. Во 2013 година, пак, таа ја заврпшува програмата за енергетска транзиција и лидерство на Делта енергетскиот институт во Холандија, а во 2015 година ја завршува и извршната програма за жени лидери на Универзитетот Харвард, САД.

Нејзината професионална кариера започнува во 2002 година како помлад асистент за ревизија во КПМГ Скопје, каде што работи на ревизорски проекти во приватни и невладини организации. Во 2006 година, пак, таа премиинува во EZPADA s.r.o. во Прага, Чешка, каде што работи во одделот за планирање и тргување со електрична енергија. Од 2006 до 2011 година, Божиновска е одговорна за стратегиски анализи и тргување во балканските земји.

Од 2011 до 2014 година, Божиновска е извршен директор на сите компании на групацијата Руднап во ЦИЕ за трговија со електрична енергија. Во периодот од 2014 до 2018 година, пак, таа работи како партнер во Eng Service Trade Скопје, каде што е одговорна за формирање на стратегија за зголемување на пазарниот удел на компанијата.

Од 2018 година до денес, Сања Божиновска работи како независен енергетски консултант, фокусирајќи се на енергетски проекти, инвестиции, договори за PPA проекти за соларни централи, прекугранично тргување со енергија и работа на проекти за обновливи извори на енергија во ЦИЕ.

Божиновска е активен учесник на повеќе од 100 енергетски конференции како говорник и модератор на панели во Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Унгарија, Полска, Германија, Чешка и Австрија.

Сања Божиновска течно говори англиски, чешки, српски и шпански јазик.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди