Сашко Пандев
Сашко Пандев (роден на 1 мај 1987 г.) —поранешен македонски фудбалер и поранешен младински репрезентативец.
Сашко Пандев | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Сашко Пандев | ||
Роден на | 1 мај 1987 | ||
Роден во | Струмица, Македонија | ||
Држава | Македонија | ||
Висина | 1.88 м | ||
Позиција | Напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Академија Пандев | ||
Број | 19 | ||
Младинска кариера | |||
Беласица | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004–2005 | Беласица | 10 | (3) |
2005–2010 | Динамо Загреб | 10 | (1) |
2007 | → Интер Запрешич | 14 | (0) |
2008 | → Меѓимурје | 4 | (0) |
2009 | → Работнички | 5 | (1) |
2009–2010 | → Турново | 29 | (5) |
2010–2011 | Муган | 16 | (0) |
2011 | Турново | 15 | (0) |
2012–2013 | Ренова | 32 | (5) |
2013–2016 | Турново | 81 | (24) |
2017–2023 | Академија Пандев | 105 | (7) |
Репрезентација | |||
2004–2009 | Македонија под 21 г. | 11 | (2) |
* Ажурирано на: 3 октомври 2021 |
Клупска кариера
уредиРоден во Струмица, Пандев својата професионална кариера ја започнал во Беласица, од каде во септември 2005 година се преселил во Динамо Загреб. Својот прв настап за хрватскиот гигант тој го имал на 14 октомври 2006 година, кога влегол како доцна замена од клупата за резервни играчи во победата на Динамо Загреб над Вартекс од 4–1. На 9 декември 2006 година тој го постигнал својот прв гол во дресот на „сините“ во победата од 3–2 над Меѓимурје во натпревар од првата лига на Хрватска. Една недела претходно, во победата на Динамо Загреб над градскиот ривал Загреб, Пандев бил асистент на двата гола на својот клуб во победата од 2–1.
Приватен живот
уредиСашко е помлад брат на Горан Пандев. Во 2015 година, Сашко се оженил со Ивана Тодорова, ќерката на Орце Тодоров, сопственик на ФК Турново.[1]
Наводи
уреди- ↑ Фудбалски брак: Братот на Пандев се ожени со ќерката на Орце Турново Архивирано на 29 јуни 2015 г. ekipa.mk 28 јуни 2015