Сара Клисура
Сара Клисура (родена на 15 јули 1992 година) е професионална српска одбојкарка. Била членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија од 2008 до 2013 година.[1] Таа била дел од државната репрезентација која ги освоила сребрените медали на Светското првенство во 2009 година и Европското првенство 2009 и 2010 година.[2][3] Нејзиниот сегашен клуб е 1. МСМ-Дијамант КЕ.[4]
Кариера
уредиПред 2010 година: Јуниорски години
уредиОдбојкарската кариера на Сара Клисура започнала во 2006 година во составот на Спартак од Суботица, клуб кој настапувал во Одбојкарската лига на Србија. Во екипата на Спартак таа настапувала четири сезони. Во 2009 година, Сара пристапила на женската одбојкарска репрезентација на Србија до 18 години, каде што играла на страничната напаѓачка позиција.[5] Репрезентацијата го освоила сребрениот медал и на Европското и на Светското првенство. Нејзините главни достигнувања како млада одбојкарка биле тоа што ја освоила наградата за најдобар сервер и тоа за време на две сезони.[6][7][8]
Таа била една од наградените во 2010 година од страна на Одбојкарската федерација на Србија, кога била наградена како најдобар примател на топката.[9] Сара го добила трофејот на МОК во име на нејзиниот тим, кога Олимпискиот комитет на Србија ги избрал машкиот и женскиот одбојкарски тим за најдобри српски државни репрезентации за 2010 година.[10]
Сара Клисура била дел од вкупно 39 национални натпревари за својата репрезентација.[11]
2010–2011: Визура Белград
уредиКлисура започнала да игра на професионално ниво кога имала само 18 години.[12] Подоцна во 2010 година преминала во одбојкарскиот тим на Визура од Белградкаде настапувала две сезони. За време на претстојот во Визура, клубот ги освоил сребрените медали и во Супер лигата и во Купот на Србија.[13][14]
Од 2012 до 2017 година: Играње во Европа
уредиВо 2012 година Сара Клисура започнала да игра во странство. Таа се приклучила на италијанскиот одбојкарски клуб Фопапедрети од Бергамо кој настапувал во Серија А, највисоката професионална женска одбојкарска лига во Италија. Во тој клуб останала две години. Во сезоната 2012-2013, клубот завршил на третото место во италијанската лига.[15]
Во 2014 година, се приклучила на романскиот одбојкарски клуб ЦСМ од Тарговиште, кој настапувал во највисоката професионална одбојкарска лига во земјата, Дивицијата А1.[16] Клубот завршил на 4-то место во сезоната 2014-2015.[17]
Во 2015 година, Сара преминала во рускиот одбојкарски клуб Јенисеј од Краснојарск кој настапувал во Супер лигата, најквалитетната професионална женска одбојкарска лига во Русија. Клубот завршил на 7-то место во сезоната 2015-2016.[18] Таа го напуштила клубот на Јенисеј по само една година и се вратила во Романија.[19][20]
Во 2017 година, Клисура се приклучила на екипата на ЦСМ од Тарговиште, во вториот дел од сезоната 2016-2017 во Дивизијта A1.[21][22] Клубот на крајот завршил на третото место во првенството.[23]
Крајот на 2017 година - почетокот на 2018 година: Играње во Азија
уредиВо август 2017 година, Сара Клисура била надгледувана од нејзиниот поранешен тренер, Моро Бранислав, за да би можела да настапува на натпреварувањето за ГН на ПСЛ во 2017 година на Филипините. Се приклучила на одбојкарскиот клуб Фотон Торнадос кој играл во филипинската Супер лига, полупрофесионална клупска одбојкарска лига која била признаена од ФИВБ и АВЦ.[24] Клубот завршил на третото место по крајот на првенството.[25] Клисура ја освоила наградата за најдобар поентер на еден натпревар кога реализирала 41 поен во еден од натпреварите. Овој резултат бил нејзин личен рекорд на поени во кариерата.[26][27] Овој, резултат ѝ го отворил патот за добивање на прекарот, „Kill-sura“ (убиец, уништувач).[28]
Во сезоната 2018 на PSL Grand Prix, таа преминала во тимот на Коколајф Асет Менаџер каде што настапувала како капитен на тимот.[29][30] Клубот на крајот на сезоната завршил на 4-то место, а Клусура ја освоила 1-та награда за најдобар надворешен напаѓач.[31][32]
Кон крајот на сезоната 2018-2019: Назад во Европа
уредиКлисура, подоцна се приклучила на екипата на ЦСМ Тарговиште и тоа по трет пат во сезоната 2018-19 во Дивизијата А1 во Романија. Таа сезона заедно со клубот го освоила третото место и бронзениот медал.[33][34] Клубот учествувал и во ЦЕВ Купот во 2019 година.[35]
Кон крајот на 2019 година, таа се приклучила на екипата на 1. МЦМ-Дијамант KE, унгарски одбојкарски клуб кој играл во Купот на Унгарија и во Екстралигата.[36]
Клубови
уреди- Спартак од Суботица (2006–2010)
- Визура Белград (2010–2012)
- Фопапедерети од Бергамо (2012–2014)
- ЦСМ од Тарговиште (2014–2015)
- Јенисеј од Краснојарск (2015–2016)
- СЦМ од Тарговиште (2017)
- Фотон Торнадос (2017)
- Коколифе Асат Менаџерс (2018)
- ЦСМ од Тарговиште (2018–2019)
- 1 МЦМ-Дијамант KE (2019–2020)
Награди
уредиПоединечни награди
уредиНагради во јуниорски конкуренција
уреди- Младинско Европско првенство во одбојка за девојки 2009 година „Најдобар сервер“
- Светско првенство во одбојка до 18 години на ФИВБ „Најдобар сервер“
- 2010 Одбојкарската федерација на Србија „Најдобар примател“
Награди во сениорска конкуренција
уреди- Гран-при на Филипините во Суперлигата 2017 година „Најдобар поентер на натпревар“
- Гран-при на Филипините во Супер Лига 2018 „Првиот најдобар надворешен напаѓач“
Награди со репрезентацијата
уреди- Европско првенство 2009 година – Второпласирана со селекцијата на Србија У-18
- Светско првенство 2009 - Второпласирана, со селекцијата на Србија У-18
- Европско првенство 2010 – Второпласирана, со селекцијата на Србија У-18
- Награди на Олимпискиот комитет на Србија 2010 година – Најдобра српска репрезентација во женска конкуренција, со женската одбојкарска репрезентација на Србија
Клупски награди
уреди- Српска Суперлига 2010 – Второпласирана, со екипата на ОК Визура
- Куп на Србија 2011 – Второпласирана, со екипата на ОК Визура
- Серија А1 2012–2013 – Трето место со екипата на Фопапедрети од Бергамо
- 2016–2017 Дивизија А1 – Трето место со екипата на ЦСМ Тарговиште
- Големата награда на Филипините во Суперлигата 2017 година – Трето место со екипата на Фотон Торнадос
- 2018–2019 Дивизија А1 – Трето место со екипата на ЦСМ од Тарговиште
Наводи
уреди- ↑ „2011 FIVB Volleyball Junior World Championship - Women European Qualification“. CEV. Архивирано од изворникот на 2018-05-29. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „2009 Girls' Youth World Championship Final Standing“. FIVB. Посетено на 17 April 2018.
- ↑ „2009 World Championship - Serbia Team Roster“. CEV. Архивирано од изворникот на 2018-04-17. Посетено на 17 April 2018.
- ↑ „A legjobbakkal versenyezne a Diamant“. 1mcmvolley.hu (унгарски). Архивирано од изворникот на 2019-10-02. Посетено на 3 October 2019.
- ↑ „SRB Player's Biography“. FIVB. Посетено на 30 January 2018.
- ↑ „Sport u 2009. godini, šesti deo“. B92 (српски). Посетено на 6 February 2018.
- ↑ „Sara Klisura najbolji server na EP“. subotica.info (српски). Посетено на 20 February 2018.[мртва врска]
- ↑ „Klisura Sara“. Lega Pallavolo Serie A Femminile. Посетено на 30 January 2018.
- ↑ „Serbia celebrates its stars of 2010“. FIVB. Посетено на 6 February 2018.
- ↑ „Serbia's men and women honoured in Belgrade“. FIVB. Посетено на 6 February 2018.
- ↑ „SRB Player's Biography“. FIVB. Посетено на 8 February 2018.
- ↑ „Foton's Klisura fancied to win MVP plum“. The Philippine Star. Посетено на 26 January 2018.
- ↑ „History“ (PDF). OK Vizura. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-23. Посетено на 30 January 2018.
- ↑ „Vizura - Rezultati“. srbijasport.net (српски). Посетено на 30 January 2018.
- ↑ „Serie A1 Women 2012/2013“. flashscore.com. Посетено на 8 February 2018.
- ↑ „List of players and their respective clubs 2014/2015“. inside.volleycountry.com. Посетено на 1 February 2018.
- ↑ „Divizia A1 Women 2014/2015“. flashscore.com. Посетено на 1 February 2018.
- ↑ „Volleyball - Russia - Women's Super League - 2015/2016 - Home“. the-sports.org. Посетено на 1 February 2018.
- ↑ „Красноярский "Енисей" продлил контракты с 8 волейболистками“. rsport.ria.ru (руски). Посетено на 1 February 2018.
- ↑ „SARA KLISURA A SEMNAT CU CSM TÂRGOVIȘTE!“. csmtargoviste.ro (романски). Посетено на 7 March 2018.
- ↑ „C.S.M. TARGOVISTE“. CEV. Архивирано од изворникот на 2018-02-28. Посетено на 1 February 2018.
- ↑ „ROU W: Serbian receiver in CSM Targoviste“. worldofvolley.com. Посетено на 1 February 2018.
- ↑ „Divizia A1 Women 2016/2017“. flashscore.com. Посетено на 1 February 2018.
- ↑ „Foton rolls with Euro stars“. volleyverse.com. Архивирано од изворникот на 2018-02-28. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „Foton bounces back, sweeps Cocolife for bronze in PSL“. Rappler. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „Foton's Sara Klisura says joy of setting PSL scoring record second only to satisfaction of beating F2“. SPIN.ph. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „PSL“. foxsports.ph. Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 6 February 2018.
- ↑ „Klisura, Foton target 7th victory“. sports.inquirer.net. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „Cocolife taps Serbian coach, spiker Klisura“. Manila Bulletin. Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 6 February 2018.
- ↑ „PSL Grand Prix preview: Cocolife Asset Managers“. ESPN 5. Посетено на 20 February 2018.
- ↑ „Superliga: Foton rallies to beat Cocolife, take home Grand Prix bronze“. ABS-CBN Sports. Посетено на 2 May 2018.
- ↑ „PSL Grand Prix Individual Awards“. ABS-CBN Sports. Посетено на 7 May 2018.
- ↑ „Volleyball - CSM TARGOVISTE. Presentation Batch. Sara Klisura and Tanja Sredic“. csmtargoviste.ro. Посетено на 7 September 2018.
- ↑ „Divizia A1 Women 2018/2019 Results“. flashscore.com. Посетено на 10 June 2019.
- ↑ „2019 CEV Volleyball Cup - Women“. CEV. Посетено на 28 November 2018.
- ↑ „You would compete with the best in Diamant“. 1mcmvolley.hu. Архивирано од изворникот на 2019-10-02. Посетено на 3 October 2019.
Надворешни врски
уреди- Профил на CEV Архивирано на 28 февруари 2018 г.
- Профил на FIVB