Сан Џорџо Маџоре на самрак

Сан Џорџо Маџоре на самрак (француски: Saint-Georges majeur au crépuscule, италијански: San Giorgio Maggiore al crepuscolo[1]) — импресионистичка слика од Клод Моне, која постои во повеќе верзии. Таа е дел од низата погледи на манастирот-остров Сан Џорџо Маџоре. Оваа низа пак е дел од поголемата низа на погледи на Венеција што Моне ја започнал во 1908 година за време на неговата единствена посета на градот.

Сан Џорџо Маџоре на самрак
Француски: Saint-Georges Majeur au Crépuscule, Италијански: San Giorgio Maggiore al crepuscolo
Творец Клод Моне
Година 1908–1912
Димензии 65,2 см × 92,4 см
Место Национален музеј Кардиф, Кардиф, Велс

Верзии во Кардиф и Токио

уреди

Една верзија на Сан Џорџо Маџоре на самрак била купена во Париз од велшката колекционерка на уметнички дела Гвендолин Дејвис. Таа ја оставила во наследство на Уметничката галерија (сега Национален музеј Кардиф) во Кардиф, Велс. Сликата вообичаено е изложена во галеријата.[1]

Другата верзија е во Музејот на уметност Бриџстоун во Токио.[2]

Сан Џорџо Маџоре на самрак: Опис на сликата

уреди

Сан Џорџо Маџоре на самрка е со димензии од приближно две на три стапки и е насликана во техника во масло на платно. Прикажува таинствени градби кои се чини дека волшебно се појавуваат од околниот предел, тие речиси како да лебдат во заднина. Облиците се нежно вметнати, иако недоволно за да се прикрие нивниот идентитет. Сликата се сосредоточува на црквата Сан Џорџо Маџоре со нејзината камбанарија која се издигнува до врвот на сликата. Десно, слабо видливи се куполите на Санта Марија дела Салуте и устието на Големиот канал.

Моне и Сан Џорџо Маџоре

уреди

Моне ја насликал црквата Сан Џорџо Маџоре во шест услови на осветлување. Со овој разновиден пристап, сликите се сосредоточиле на „природата на искуството“. Тој бил под силен впечаток од венецијанските зајдисонца, „овие прекрасни зајдисонца кои се единствени во светот“. Тој претходно бил вдахновен од други зајдисонца, како што се оние на Нормандија (во Руанската катедрала и Стогови, неговата низа од 1890-тите) и Лондон (Палата на парламентот).

Ставови

уреди
 
На оваа фотографија камбанаријата и куполата на Сан Џорџо Маџоре се раздвоени, бидејќи е направена од позиција поблиску до Големиот канал отколку сликите на самрак.

Моне и неговата сопруга Алиса останале во Палацо Барбаро неколку недели, а потоа се преселиле во хотелот „Британија“, каде што останале до декември.[3] Според г-ѓа Моне, Британија имала поглед, „ако нешто такво е можно, дури и поубав од оној на Палацо Барбаро...“ Моне сликал гледајќи од овој хотел, но не, се чини, во случајот со оваа посебна слика. Иако погледот од хотелот ја вклучувал црквата Сан Џорџо Маџоре, сликата на самрак се чини дека е видена од брегот познат како Riva degli Schiavoni, каде што островот образува средишна точка на погледот. Моне наводно не сакал да слика од брегот. Не сакал толпи туристи и бил загрижен и да се усогласи со другите уметници кои биле привлечени од Венеција, како што се Реноар или Мане.[4] Сан Џорџо Маџоре била омилена тема за сликарите, вклучувајќи го и протоимпресионистот Тарнер.[5][6]

Завршување на сликите во Франција

уреди

Моне чувствувал дека Венеција е град „премногу убав за да се наслика“,[7] што можеби е причината зошто тој се вратил со многу слики недовршени во Живерни, неговиот дом во Франција.[8] Сепак, тој веќе се повлече од својата претходна практика на сликање од животот, пред темата. Работел на венецијанските сцени дома, а смртта на неговата сопруга Алиса во 1911 година се чини дека била чинител за нивното завршување.

 
Верзијата во сопственост на Музејот на уметност Бриџстоун во Токио.

Распрснување

уреди

Во 1912 година, сликите од Венеција биле главно распрснати како резултат на успешната изложба на дваесет и девет платна. Оваа изложба, насловена Клод Моне Венеција, се одржала во галеријата Бернхајм-Жeн во Париз. Истата галерија била домаќин на изложби на циклусите од Руан и од Лондон.

Во популарната култура

уреди

Сликата станала позната во 1999 година по нејзиното појавување во филмот за грабеж на Џон МекТирнан „Аферата Томас Краун“ . Во филмот сликата е украдена од музејот на уметноста Метрополитен. Всушност, Митрополитот не ја поседува сликата, иако тие имаат уште една од венецијанските сцени на Моне, Дуждовата палата видена од Сан Џорџо Маџоре.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „San Giorgio Maggiore by Twilight“. National Museum Wales (Welsh: Amgueddfa Cymru). Посетено на 31 January 2014.
  2. „Twilight, Venice“. Bridgestone Museum of Art. Архивирано од изворникот на 2 February 2014. Посетено на 2 February 2014.
  3. The hotel's name has since changed to the Hotel Europa and Regina Архивирано на 18 февруари 2014 г.
  4. Manet. Ritorno a Venezia. Musée d'Orsay
  5. Venice: San Giorgio Maggiore - Early Morning 1819
  6. Venice: San Giorgio Maggiore at Sunset, from the Hotel Europa 1840. Tate
  7. Claude Monet in Venice
  8. The Church of San Giorgio Maggiore, Venice, Indianapolis Museum of Art.

Литература

уреди
  • Brownjohn, John and Stephan Koja and Galerie Osterreichische, Claude Monet. New York: Prestel, 1996.
  • Koja, Stephan and Katja Miksovsky, Claude Monet: the Magician of Colour. New York: Prestel, 1997.
  • National Museum Wales, "San Giorgio Maggiore by Twilight Breaking Dawn," [1].
  • Newcomb, Molly. "San Giorgio Maggiore at Dusk: Claude Monet." (2 April 2012)
  • Pissarro, Joachim. Monet and the Mediterranean, New York: Rizzoli, 1997.
  • Tucker, Paul Hayes and George T.M. Shackleford and Mary Anne Stevens, Monet in the 20th Century. New Haven: Museum of Fine Arts, 1998.

Надворешни врски

уреди