Руанската катедрала (циклус на Моне)
Катедралата во Руан е серија од триесет слики на францускиот импресионистички сликар Клод Моне, кои претставуваат различни погледи на катедралата во зависност од времето на денот, годината и осветлувањето, насликани од уметникот во 1890-тите[1].
Творец | Клод Моне |
---|---|
Година | 1894 |
Димензии | 107 см × 73.5 см |
Место | Музеј Орсе, Париз, Франција |
Историја
уредиУметникот започнал да ги слика првите слики од циклусот во февруари 1892 година за време на неговиот прв престој во [[Руан. Моне изнајмил стан во близина на катедралата, каде што опремил привремено атеље за работа. Повеќето слики биле создадени од уметникот во 1892 и 1893 година, тој ги довршил сликите во 1894 година. Циклусот бил претставен во 1895 година. Благодарение на Пол Дјуранд-Руел, во мај 1895 година, била организирана самостојната изложба на Моне со наслов„Катедрали“,. Денес делата се чуваат во музеите во Франција, САД и Русија.
Игра на светлината
уредиКога Моне го создабал циклусот на Руанските катедрали, тој долго време беше фасциниран од темата на светлината и нејзините промени пренесување во различни периоди од денот и годината, како и во тазлични атмосферските услови. За Моне, ефектите на светлината биле од примарно значење. Неговата претходна серија, во која тој исто така прикажувал различни погледи на ист објект под различни услови на осветлување, била обид да се илустрира важноста на светлината во перцепцијата на темата во дадено време и место. Циклусот „Катедрали“ не бил за Моне првиот циклус платна од слична тема, но била најсеопфатна. Во неговите претходни експерименти со светлината, тој прикажувал пејзажи. катедралата му дозволил да ги истражува сликарските мотиви как цврста структура и променливоста светлината која различно ја перцепираме. Уметникот одлучил да се концентрира на одделни фрагменти од готската катедрала како порталот, кулата на Свети Мартин и кулата на Албан.
Техника
уредиМоне во овој циклус нанесува боја најмногу со шпахла, користејќи подебели намази и структури со што постигнал одреден ефект и ритмичко треперење во самото нанесување на бојата и нејзината транспарентност со светлината во галериските простори. Овој циклус всушност е еден од најистакнатите примери во реализацијата на импресионистичката постапка и доведување на овој правец до совршенство.
Галерија
уреди-
„Руен катедрала, Западна фасада“, Сончева светлина
-
„Руен катедрала. Порталот и кулата Сен Ромен“, полно сонце; сина и златна хармонија
-
„Руен катедрала. Порталот“, утринско сонце; сина хармонија
1892-1893 -
„Руен катедрала, Фасада (зајдисонце)“, хармонија во златна и сина боја
1892-1894 -
„Порталот и кулата на Свети Роман на утринско сонце“, Хармонија во сино
1893 -
„Руен катедрала“, Фасада (утрински ефект)
1892-1894 -
„Руен катедрала“, Фасадата под сончева светлина
1894 -
„Руен катедрала“, Западна фасада, 1894,
-
„Руен катедрал“, Западна фасада, Сончева светлина, 1894 година,
-
„Руанска катедрала“ - Сонцето во заоѓање (Симфонија во сиво и розово), 1894 година,
-
„Руенската катедрала“, Фасадата и Тур д’Албан. Сиво време, 1894 година, 1894
-
„Руен катедрал“. Порталот и кулата Сен Ромен, утрински ефект; бела хармонија
-
„Руанска катедрала“, Фасада и Тур д’Албан досаден ден
-
„Катедрала воРуан“, Западен портал досадно време
1892
Наводи
уреди- ↑ „Claude Monet | The Rouen Cathedral series, 1892-1894“. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 2020-09-24.