Минојски избув

(Пренасочено од Минојска ерупција)

Минојски избув или минојска ерупција (грчки: Μινωικη εκρηξη)вулкански избув на Тера, остров во Егејското Море, денес во рамките на Грција, во 2 милениум пр.н.е. Точното датирање на овој настан е предмет на спор: археолошките налази укажуваат дека истиот се случил во XVI век п.н.е., но датирањето со јаглерод -14 укажува дека истиот се случил 100 години претходно, во XVII век пр.н.е. Тоа бил еден од најголемите вулкански избуви на Земјата во периодот на пишаната човечка историја,[1] иако не се откриени докази за човечки жртви затоа што местото било слабо населено и евакуирано непосредно пред излегувањето на магмата. Целиот процес траел четири дена.

Фази на избувот

уреди

Избувот денес се дели на четири фази. Нему му претходеле потреси. Потоа жителите го напуштиле островот. Имале доволно време да ги понесат своите работи. При ископувањата на градот Акротири не се пронајдени ниту лешови, накит или алати. После потресите Акротири наизглед е повторно населен. Нестабилните ѕидови биле срушени за да се употребат за друга намена.[2] Под една урнатина жителите ископале 3 кревети и ги поставиле еден над друг.[3]

 
Сателитска слика од Тера, 21 ноември 2000 година. Заливот во центарот на островот е калдера создадена од Минојскиот избув.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Sigurdsson 2006, pp. 337-348.
  2. Palyvou 2005, pp. 11.
  3. Friedrich 2000, pp. 70.