Сангсарски јазик
Сангсарскиот јазик, или познат како сангсариски или сангисариски, е ирански јазик од подгрупата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Јазикот се зборува во покраината Семнан во Иран. Најсродни јазици со сангсарскиот се ласгердскиот, семнанскиот и сорхејскиот јазик.[1] Јазикот го зборуваат околу 36.000 Сангсари.[2]
Сангсарски јазик | |
---|---|
Застапен во | Иран |
Подрачје | Елбурз |
Говорници | 36,000 (2006) |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | нема |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | sgr |
Фонологија
уредиСамогласките ви сангсарскиот се: /a, a:, e, e:, i, o, ö, u, u:/. Согласките се истите како и кај персискиот јазик.[3]
Заменки
уредиВо сансарскиот јазик има заменки од еднина и множина и бележи два падежа во еднина: директен (номинатив) и објектив (останати падежи). Машки и женски форми се разликуваат во трето лице еднина.[4]
1 ед. | 2 ед. | 3 ед. м.р.. | 3 ед. ж.р,. | 1 мн. | 2 мн. | 3 мн. | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
дир. | a | tö | nö | nā | ham | xā | anun |
обј. | ma | ta | ne | nī | ham | xā | anun |
Наводи
уреди- ↑ Ethnologue listing of Semnani languages
- ↑ Ethnologue listing for Sangisari
- ↑ Lecoq, pg. 309.
- ↑ Lecoq, pg. 309.
Користена литература
уредиPierre Lecoq. 1989. "Les dialectes caspiens et les dialectes du nord-ouest de l'Iran," Compendium Linguarum Iranicarum. Ed. Rüdiger Schmitt. Wiesbaden: Dr. Ludwig Reichert Verlag. Pages 296-314.