Самоанска тала
Тала (самоански: tālā) (ISO 4217: WST, бројчен код: 882) е официјална валута во Самоа, која е поделена на 100 сени (sene). Зборот тала е самоански превод за зборот долар, додека сене е самоански превод за зборот цент.
Самоанска тала | |
---|---|
Samoa tālā | |
ISO 4217 | |
Код | WST |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | сене |
Симбол | WS$ (понекогаш SAT, ST или T) |
Банкноти | 2, 5, 10, 20, 50, 100 тали |
Монети | 5, 10, 20, 50 сене, 1 тала[1] |
Демографија | |
Корисник/ци | Самоа |
Издавач | |
Централна банка | Централна Банка на Самоа |
Мреж. место | www.cbs.gov.ws |
Вредност | |
Инфлација | 6% |
Извор | The World Factbook, 2007 |
Талата како официјална валута била воведена во 1967 година, по независноста од Нов Зеланд во 1962. До тогаш, земјата користела Западносамоанска фунта. Талата ја заменила фунтата во соодност од 2 тали за една фунта.
Симболот WS$ сè уште се користи за талата,[2] иако го претставува поранешното име на државата. Западна Самоа (Western Samoa). Така, симболите SAT,[3] ST[4] и T[5] се користат исто така. Талата ја издава Централната Банка на Самоа.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Central bankwebsite on currency issue, Accessed 2008-12-02“. Архивирано од изворникот на 2012-10-29. Посетено на 2011-05-26.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-12-11. Посетено на 2011-05-26.
- ↑ Samoa Realty Ltd - Lands For Sale
- ↑ Samoa Travel Guide: Overview - Lonely Planet WorldGuide
- ↑ „Currencies of the World“. Архивирано од изворникот на 2011-11-29. Посетено на 2011-05-26.
Надворешни врски
уреди- Самоанска тала Архивирано на 25 ноември 2010 г.