Саат-кула (Неготино)

саат-кула
(Пренасочено од Саат кула - Неготино)

Саат-кула во Неготиносаат-кула во Неготино, подигната во почетокот на XIX век, поточно во текот на 1810 година,[1], од Хаџи Таир-ага Синан близу неговиот чифлиг. Тој го изградил и безистенот во Неготино, кој изгорел во пожарот од 1913 година.

Саат кула
Моменталната состојба на саат-кулата
Карта
Општи податоци
ГрадНеготино
ЗемјаМакедонија
Почната1810
УрнатаXX век
Проектирање и изградба
АрхитектХаџи Таир-ага Синан

За историјата на кулата може да се прочита на натписи над влезот на кулата, кои се напишани на арапски јазик.

Изглед

уреди

Во основата, кулата е шестаголна, висока околу 15 метри, и е ѕидана исклучиво од камен, со блокови со дебелина од околу еден метар. Горниот дел завршувал со дрвена конструкција, во кој бил поместен саатот (подоцна урнат). Од западната страна се наоѓа влезот изработен од кршен камен со полукружен надвратник.

Конзервација

уреди

Во текот на 2015 година се појавиле планови за нејзина конзервација, по што се очекува објектот да биде и заштитен. Проектот за конзервација на саат-кулата во Неготино е во соработка помеѓу локалниот Музеј на град Неготино, општината и Министерството за култура на Македонија со средства во висина од 500 илјади денари.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980
  2. „Се конзервира Саат-кулата во Неготино“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. 26 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 17 август 2015.

Надворешни врски

уреди

41°29′0″N 22°5′0″E / 41.48333° СГШ; 22.08333° ИГД / 41.48333; 22.08333