Саат-кула (Гостивар)
Саат-кула (турски: Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi) — еден од најзнаменитите и препознатливи градби во градот Гостивар. Таа е еден од трите културно-историски споменици во Гостивар и се наоѓа и на општинските грб и знаме.[1] Гостиварската саат кула заедно со оние во Скопје, Битола и Прилеп е една од најзачуваните првични саат-кули. Таа сè уште е во функција и го покажува точното време преку неколку часовници вградени на неа. Кулата е заведена како Културно наследство на Македонија.[2]
Саат-кула Гостивар Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi | |
---|---|
Саат-кулата во 2012 година | |
Општи податоци | |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Гостивар |
Земја | Македонија |
Почната | 1728/29 |
Нарачател | Исмаил-ага |
Местоположба
уредиСе наоѓа во средиштето на Гостивар, а веднаш до неа постои џамија наречена Саат-џамија („Ебу Бекир-пашина џамија“) која била обновена во поново време[3] Во непосредната околина на саат-кулата се наоѓаат поштата, познатиот трговски центар „Блу-центар“ со стаклената фасада, а недалеку по улицата на 250-300 метри е црквата црквата Света Богородица и градскиот плоштад.
Историја
уредиИзградена е во 1728/29 година од Исмаил-ага, син на Хаџи Јусуф-ага. Годината на градбата и името на градителот се запишани на османлиско-турски јазик на камена плоча што се наоѓа над влезната врата.
Во 2010 била реставрирана под сомнителни околности.[1]
Во јануари 2017 година, биле пуштени во употреба четири нови часовници на врвот на кулата. Поставувањето на часовниците било раководено од Конзерваторскиот центар - Гостивар, а парите били обезбедени од Министерството за култура во вредност од 520 илјади денари.[4]
Галерија
уреди-
Саат-кулата во 2010 година
-
Саат-кулата во 2011 година
-
Саат-кулата во 2014 година
-
Саат-кулата во 2017 година
-
Саат-кулата во 2022 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Саат-кулата во Гостивар се реновира на диво“. Дневник. 5 септември 2010, 19:37. Посетено на 2011-03-30. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 23 август 2022.
- ↑ Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
- ↑ „Пуштени во употреба часовниците на Саат џамијата во Гостивар“. Гостивар: НУ Конзерваторски центар - Гостивар. 20 јануари 2017. Посетено на 23 август 2022.
Надворешни врски
уреди- Саат-кула (Гостивар) на Ризницата ?