СУ „Димитар Мирасчиев“ - Штип
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
„Димитар Мирасчиев“ — средно училиште во Штип, Општина Штип[1].
СОУ „Димитар Мирасчиев“ | |
Место | |
Општина: | Штип |
Место: | Штип |
Адреса: | ул. Вита Поп Јорданова бр. 2 |
Основни информации | |
Директор: | Марина Варадиновска |
Настава на: | македонски јазик |
Контактни информации |
Основање и развој
уредиПо војната се изградија трите најголеми текстилни комбинати за изработка на предиво и ткаенини од памук, свила и волна, што ги опфаќаа интегририрано сите фази на производство: памучарскиот комбинат „Македонка“ во Штип, свиларскиот комбинат „Нонча Камишова“ во Велес и волнарскиот комбинатат „Тетекс“ во Тетово.
Овие фабрики имале потреба од специјализирани стручни кадри па затоа во 1953 година се донесе решение специјаното текстилно училиште од Скопје да се подели на два дела, во Штип се префрли памучарската насока а во Тетово волнарско-свиларската насока. Преку овие две училишта се обезбедувале кадри од степентот квалификувани работници за потребите на фабриките. Ново отвореното училиште со практична обука образуваше кадри од предачка и ткајачка насока. Во учебната 1956/57 училиштето се преместува во населбата Македонка и работи во иста зграда со основното училиште.
Со решение број 1576 од 1956 година на Републичкиот совет за просвета се отвори техничкото текстилно училиште, со што се задоволуваа најосновните потреби од техничкиот кадар: мајстори, сменоводители и подмајстори со две насоки предач и ткајач а од учебната 1957/58 се отоври и облагородувачко-хемиска насока.
Истата учебена година излезе и првата генерација од текстилното училиште со практична настава (познато индустриско училиште).
Од учебната 1959/60 со писмена наредба од Републичкиот совет за просвета се укинаа насоките по специјалности и се воведе општа насока.
Од учебната 1960/61година училиштето работи во новоизградената зграда во центарот на градот спроти плоштадот Слобода.
Со одлука на народниот одбор на штипската околија под број 01-3944/1 од 31.07.1961 од двете училишта се формира Училиштен центар за образование на кадри од текстилна струка (УТЦ).
Наместо типичното 4 техничко и 3 годишно индустриско училиште се помина на систем на образование по степени и тоа преку првиот степен со 2 годишно образование се обезбедуваа непосредни производители - квалификувани работници а преку вториот степен со 4 годишно образование се обебзбедуваа погонски текстилни техничари.
Од 1966 година имаше промени во вториот степен настепеноот образование. Според овој систем селекцијата по степени се вршеше по завршувањето на I година. Единствен критериум беше постигнатиот успех во прва година. Одличните и мн. добрите ученици продолжуваа за степениот техничари (II, III и IV) а оние со послаб успех во степенот квалификувани работници (II година).
Од ученбната 1968/69 по долука бр. 40/РС од 05.11.1968 донесена на Работничкиот своет на лесно-модната конфекција „Астибо“ а во согласност со Советот на работната заедница при УТЦ се отвори и конфекциската насока.
Хронолошки тоа изгледа вака:
уреди- Учебна 1953/54 како индустриско училиште за потребите на тогашната предилница за памук, Учебна 1956/57 се трансформира во техничко-текстилно училиште за потребите на тогашната фабрика „Македонка“,
- Учебна 1961/62 година се трансформира во училиште за образование на кадри од текстилна струка позната како училиштен текстилен центар,
- Учебна 1978/79 година нови реформи, (наместо 2 годишно е воведено 3 годишно стручно образование а во 4 годишно, после 2 годишно општо стручно образование следеа уште 2 годино тесно стручно образование во некои од образовните профил)
- Учебна 1981/82 година училиштето за прв пат доби свој патрон во чест на првоборецот „Видое Смилевски-Бато“, а од учебната 1993/94 нов ПАТРОН во чест на револуционерот-Димитар Мирасчиев.
- Учебна 1998/99 година е верифицирано и за кожарска струка за образовен профил „Кожарски техничар“ а од 1999/2000 за „Техничар за обувки“,
- Учебната 2004/05 година, според реформите во стручното образование училиштето е верифицирано за образование на кадри од текстилно-кожарска струка, за образовните профили со четиригодишно траење Конфекциски техничар, Tекстилен техничар, Tехничар за обувки, а од
- Учебната 2011/12 година, во постојната текстилно-кожарска струка е воведен нов образовен профил насловен како Конфекциски компјутерски оператор, а од
- Учебната 2014/15 и Конфекционер според реформиран наставен план и програми со тригодишно траење на образованието.
- Од учебната 2019/2020, започна нова реформа со средното стручно образование со нови квалификации и модуларно дизајнирани наставни програми компатибилни со бизнис секторот (Техничар за дизајн на облека, Техничар за моделирање на облека и Техничар за изработка на облека)
Раст и пад на училиштето
уредиУчилиштето беше единствено во истокот на републиката, ученици се запишуваа од Струмичко, Радовишко, Беровско, Делчевско, М.Каменица, Виничко, Кочанско, Св.Николе и Т. Велес.
Но со отворањето паралелки од текстилна струка во сите гимназии од споменатите општини се намали и бројтот на ученицит (во гим. во Делчево, Берово, М.камненица, Виница и во Струмица).
Најдобрите години за училиштето беа 80-те, 90-те од 20 век и првата декада од 21 век, кога во училиштето се образуваа по 1200-1300 ученици во 40 и повеќе паралелки со 34 и повеќе редовно запишани ученици во една паралелка. Во училиштето работеа 50-60 професори од кои 20-25 беа професори по стручни теоретски предмети и практична настава. Во недостаток на простории една учебна година учениците од прва година 10-12 паралелки наставата ја изведуваа го подрумскиот дел на гим. „Славчо Стојмнески“ а потоа и во сегашната зграда на ректор на универзитетот „Гоце Делчев“
Во тоа време сите завршени ученици кои не го продолжуваа своето образование на некој од факултетите во Македонија или соседните држави веднаш, се запослуваа во „Македонка“, „Астибо“ и „Политекс“.
Со одземањето на дел од училишната зграда за потребите на отворениот универзитет „Гоце Делчев“ и не искажаниот интерес на менаџерите на конфекциите кон училиштето (во тоа време се работеше по 10-12 часа а работниците во 24 часа одеа две смени: прва- трета, втора - прва и мали плати) интересот на осмоодделенците за текстилното училиште од година на година опаѓаше. И намалениот наталитет после осамостојувањето а уште повеќе и по конфликтот од 2001 година е причина за намалениот интерес. Сите осмо/деветто одделенци повеќе се насочуваа кон медицинското, гимназијата и ЕМУЦ.
Сега на универзитетот припаѓа скоро целата зграда освен еден спрат со 5 училници, административните канцеларии, спортската сала и конфекциска работилница кои ги користи училиштето.
Директори на училиштето
уреди- Од 1953 - 1959 година директор на тесктилното училиште со практична обука (индустриско училишиште) во Штип е Вера Марковска,
- Од 1959 – 1962 година директор на текстилно училиште со практична обука од Штип е Никола Цацков,
- Од 1956 - 1958 година директор на средно текстилно училиште во Штип е Станислав Милошевиќ,
- Од 1958 – 1962 година директор на средно текстилно училиште во Штип е Зигов Горги,
- Од 1962 – 1968 година прв директор на училишниот текстилен центар за образование на кадри од текстилна струка (УТЦ) е Никола Цацков,
- Од 01 март 1968 - 1999 година директор е Методи Трпков,
- Малку време директор беше и Славка Салтирова,
- Од 2000 – 2003 година директор е Цветанка Красиќ,
- Од мај 2003 – декември 2003 година директор е Станојко Дејановски,
- Од декември 2003 – 2014 во два мандата директор е Анита Монев,
- Од 24 февруари 2014 – номеври 2017 година директор е Цветанка Красиќ,
- Од 17 ноември 2017 – февруари 2019 година, директор е Дејан Доневски,
- Од 10 февруари 2019 – 13 јануари 2022 година диркетор е Катица Костова,
- Од 14 јануари 2022 – директор е Марина Варадиновска (актуелен)
Учество на натпревари
уреди- Училиштето во 60-те, 70-те и 80-те години од минатиот век, учествуваше на сите текстилијади (натпревар на текстилни училишта) кои се организираа на ниво на СФРЈ во спорт, теоретско и практично знаење. Една текстилијата се организираше и во Македонија-Тетово 1980 година
- Учество на сите МАССУМ натпревари
- Учество на Лидер на струка во организација на ЦСОО (Центар за стручно образование и обука).
- Учество на МАССУМ во Радовиш (10/11 мај 2024) во котегориите: „Натпревар во серва“; „Модна ревија“ и „Јавен говор“
Освоени награди
уреди- Освоени први, втори и трети награди од спорт, знаење и практика на текстилијадите од горе споменатиот период. Во овој период училиштето имаше особено силна екипа во кошарка. На влезот и во холот на училиштето се гледат сите освоени медали од тоа време.
- Освоено второ место на натпревар „Лидер на струка“
- Освоени трети места во категорија „Јавен говор“ и „Модна ревија“ на МАССУМ 2023.
- Освоено прво место во категорија „Модна ревија“ на МАССУМ 2024 во Радовиш
Познати личности кои учеле во ова училиште
уреди- Драгица Зенделовска, професор на медицински вакултет Скопје,
- Игор Јордановски, професор на ТМФ Скопје,
- Ванѓа Кузмановска, професор на техничко-технолошкиот факултет Штип,
- Бобан Данов, успешен борач, селектор на сениорска боречка репрезентација на МКД,
- Емил Павлов, успешен каратист, Светскиот вицешампион во карате од Дубаи, https://en.wikipedia.org/wiki/Emil_Pavlov
- Боби Тенев, поранешен голман на ФК“Брегалница“
- Александар Патраклиски - сопственик на ЕАМ компанија
- Никола Мицевски - сопственик на ЕУРО НОВА конфекција
Познати личности кои предавале во ова училиште
уреди- Јасмина Гуњова (р. 26 септември 1966}}) - изведувач на изворни и новосоздадени македонски песни.
- Д-р Соња Јордева - професор на Техничко Технолошки Факултет при УГД во Штип
- Смилков Никола - професор на Ликовната акдемија при УГД во Штип
- Јошко Ефремов - професор на Техничко Технолошки Факултет при УГД во Штип
- Татјана Симоновска Алексова - просветен инспектор
- Дејан Доневски - просветен инспектор
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
Оваа статија училиште во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |