СН Осигурителен Брокер
СН Осигурителен Брокер АД Битола - македонско брокерско друштво во областа на осигурувањето.
Организација и менаџмент
уредиБрокерското друштво „СН осигурителен Брокер“ е основано во 2014 година. Тоа е организирано како акционерско друштво, претставува дел од „СН Групацијата“, а седиштето му е во Битола. Во средината на 2019 година, друштвото имало 27 експозитури со над 90 вработени, со што било најголемо осигурително брокерско друштво во Македонија (мерено според бројот на вработени, бројот на експозитури и бруто-премијата од полиси за осигурување). Друштвото е организирано во следниве сектори: Сектор Штети, Сектор за преземање на ризик, Правен сектор, сектор за сметководство и ИТ и маркетинг сектор. Во 2019 година, извршниот директор на друштвото Христо Кондовски бил еден од добитниците на наградата „Business Elite 40 under 40“ која им се доделува на најуспешните млади стопанственици во Југоисточна Европа.[1]
Активности
уредиВо 2016 година, структурата на продадените полиси за осигурување била: други осигурувања на имот (30%); автоодговорност (40%); касо-осигурување (16%). Во 2019 година, структурата била: други осигурувања на имот (50%); автоодговорност (43%); касо-осигурување (17%). Во 2017 година, „СН Осигурителен Брокер“ продало полиси за осигурување во износ од скоро 183 милиони денари, додека тој износ изнесувал 330 милиони денари во 2018 година. Во 2016 година, брокерското друштво „СН Осигурителен Брокер“ инвестирало во фирмата „СН Сообраќаен центар“, а инвестицијата (со вкупна вредност од 5,5 милиони евра) била завршена во јуни 2019 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Интервју со Христо Кондовски: Постојано инвестираме и вложуваме во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар“, Економија и бизнис, година 21, број 253, септември 2019, стр. 58-60.
- ↑ „Интервју со Христо Кондовски: Постојано инвестираме и вложуваме во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар“, Економија и бизнис, година 21, број 253, септември 2019, стр. 59.