Регионален пат 2248
регионален пат во Македонија
(Пренасочено од Р2248)
Регионален пат 2248 (ознака: Р2248) — регионален пат во Македонија, со насока на движење југ-север. Има вкупна должина од 21,0 километри и само 1 исцртана делница. Патот започнува во селото Ранковце и се движи кон Герман, завршувајќи во селото Нерав.[1]
Регионален пат 2248 | |
---|---|
Протегање на регионалниот пат | |
Информации за правецот | |
Должина: | 21,0 км |
Поважни клучки | |
Од: | Ранковце |
До: | Нерав |
Местоположба | |
Општини: | Ранковце, Крива Паланка |
Патна мрежа | |
Патишта во Македонија |
Патот помеѓу Герман и Нерав, иако е предвиден, не е проектиран со соодветни делници и таа должина на патот не е прикажана во вкупната негова должина.
Делници
уредиРегионалниот пат 2248 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 1 делница.
Делница | Почеток | Крај | Потег (км) |
---|---|---|---|
— | врска со | 0,0 | |
1561 | Ранковце | Герман | 0,0 - 21,0 |
— | врска со |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-21.
Надворешни врски
уреди- Регионален пат 2248 на пребарувачот на патишта на ЈПДП (во мени)