Руфаиско теќе (Скопје)
Руфаиско теќе теќе во Чаир, Скопје. Спаѓа во поновите османлиски споменици во градот, изградено е во 1818 година а обновено во 1933 година. Според Јован Хаџи Василевиќ, Руфаиското теќе припаѓа во групата на најстарите теќиња во Скопје.
Руфаиско теќе | |
---|---|
Поглед на влезот на теќето | |
Основни податоци | |
Место | Скопје, Македонија |
Припадност | ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | теќе |
Архитектонски стил | отоманска |
Завршен | 1818 |
Историја
уредиОсновач на теќето е Мехмед Ефенди, син на Исмаил. Роден е во селото Групчин, Тетовско, од каде татко му го доведува во Скопје како дете. Тој уште во раните години покажува интерес кон учењето и е запишан во верско училиште, а после завршувањето станува главен касиер во финансиската служба. Кога во Скопје доаѓа Шејх Сејјид Хаџи Хатиф, припадник на Руфаискиот ред, Мехмед се запознава со него, се спријателува и станува негов дервиш. Откога ја добива шејховската диплома, ја напушта службата и купува куќа каде ја претвора во теќе во 1818 година. По основањето на теќето Мухамед заминува на поклонение, но малку по враќањето тој умира во 1838 година.
Како ќехаја на скопскиот еснаф се споменува Хаџи-баба шејх на Руфаиското теќе. После него за шејх доаѓа неговиот син, како што тоа е одредено во вакуфнамата, Шејкот Хаџи Садудин кој ја прима шејховската диплома од шејхот Али од Сер. Тој бил многу учен човек и е еден од најпознатите тогашни шејхови, тоа го истакнува неговиот внук Салудин. Тој го проширува теќето и во дворот ја гради чешмата, а натписите на портата и од внатрешната и од надворешната страна, исто така се негово дело. Тој патува, но тоа е обврска на дервишите, а должноста ја врши 15 години. Умира во 1869 година. Потоа за шејх доаѓа неговиот син, шејхот Мехмед Ел-Бакир (1856-1914). Дипломата за шејх ја прима од шејхот Абдула, од Софија, а во теќето служи пред да стане шејх, и потоа цели 40 години. Од народот бил могу сакан и почитуван, а исто така и важна личност помеѓу учените кругови на Скопје. Тој повторно го гради теќето кое било разрушено како и пресушената чешма. Во негово време е подигнато од Сејфуллах-бег турбето на теќето, во кое се наоѓаат гробовите на шејховите и нивните најблиски роднини, којшто основа рифаиско теќе во Битола. По смртта на Ел-Бакир доаѓа неговиот син Салуддин, кој умира во времето на поранешна Југославија. Неговото име се наоѓа во делата на Глиша Елезовиќ каде се пишува за Скопје, каде го споменува како свој водич и ја истакнува неговата ученост и култура. Со неговата смрт се прекинува лозата на основачот и избирањето на шејх се врши помеѓу роднините, како што е одредено во вакуфнамата.
Галерија
уредиНадворешни врски
уреди- Руфаиско теќе (Скопје) на Ризницата ?