Руски конзулат во Битола
Руски почесен конзулат во Битола (руски: Русское почетное консульство в Битоли) — дипломатско претставништво на Русија во Битола.[1][2]
Историја
уредиМисијата била воспоставена на 23 април (грегоријански календар - 6 мај) 1861 година со склучување на конвенција меѓу Руското и Османското Царство. На 17 март истата година во Битола пристигнал како вршител на должност, а потоа прв генерален конзул во Битола Михаил Хитрово.[3]
Рускиот конзулат постоел до 1915 година.[3]
Зградата на конзулатот е културно наследство.[4]
На 29 мај 2002 година конзулатот повторно бил отворен како Почесен руски конзулат на улица „Широк сокак“ бр 28.[2] Почесен конзул е Сергеј Самсоненко.
Раководители на мисијата
уредиВо периодот на неговото постоење од 54 години во конзулатот служеле 12 руски царски конзули, вицеконзули и вршители на должност:[3]
Бр. | Име | Година | Должност |
---|---|---|---|
1 | Михаил Хитрово | 1861 – 1864 | конзул |
2 | Евгениј Тимаев | 1864 – 1865 | вршител на должност |
3 | Николај Ф. Jaкубовски | 1865 – 1873 | конзул |
4 | Н. Н. Четверухин | 1868 – 1869 | вршител на должност |
5 | Виктор Александровиќ Максимов | 1873 – 1877 | конзул |
6 | Кромиди Анастасиевич Нјага | 1880 – 1882 | вицеконзул |
7 | Николај А. Скрјабин | 1882 – 1889 | вицеконзул |
8 | Николај Демерик | 1889 – 1894 | вицеконзул |
9 | Александар Ростковски | 1895 – 1903 | конзул |
10 | Виктор Фјодорович Кал | 1903 – 1910 | конзул |
11 | Александар Петраев | 1910 – 1912 | конзул |
12 | Николај Вјачеславович Кохмански | 1912 – 1915 | конзул |
Дипломатски претставници во Битола
уредиНаводи
уреди- ↑ Миновски, Никола, НУ Завод и музеј - Битола. „Руски конзулат – Конзулска Битола“. Посетено на 15 октомври 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „Руски конзулат во Битола“. Посетено на 15 октомври 2020.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Божиновски, Здравко. „Рускиот императорски конзулат во Битола“. Его. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 27 јануари 2015.
- ↑ „Некогашниот руски конзулат во Битола“. Бабам Битола. September 12, 2020. Посетено на 12 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Lory, Bernard (2011). „Un poste consulaire en Macédoine, Bitola-Monastir, 1851-1912“. Cahiers balkaniques. 38-39. doi:10.4000/ceb.849. Посетено на 2017-12-29. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)