Плоштад Магнолија
Плоштад Магнолија е плоштад во Битола, сместен во близина на Саат кулата, веднаш до Широк сокак и спротивно од црквата Свети Димитрија. Околу плоштадот има стари куќи од македонската архитектура и архитектурата од времето на Османлиското Царство кои се под наем од неколку компании, фирми и кафе барови. Битола, кој беше голем културен центар[1] во Османлиското Царство има многу интересни градби од Турците од кои многу се на Широк сокак и плоштадот Магнолија. Исто така има уметничка галерија наречена „Магаза“ и новоизградената „Стаклена зграда“.
Битола во соработка со Владата на Република Македонија го изгради споменикот на Филип Втори[2] кој е 8,5 метри висок и е околу фонтаната со Ѕвездата од Кутлеш каде има и клупи за седење.
За време на Нова година, на плоштадот Магнолија се одржува и главната прослава со познати пејачи и музичари од македонската сцена.
Наводи
уреди- ↑ [1] The history of Bitola (MKD)
- ↑ [2] Архивирано на 14 септември 2012 г. Statue of Philip II of Macedonia in Bitola's city square (MKD)
Надворешни врски
уреди„Плоштад Магнолија“ на Ризницата ? |