Австриски конзулат во Битола
Почесен конзулат на Република Австрија во Битола — дипломатско претставништво на Австрија во градот Битола.
Историја
уредиАвстриското Царство заедно со Велика Британија биле првите земји кои отвориле дипломатски претставништва во Битола. Австрискиот конзулат бил отворен на 21 ноември 1851 година. Царството, заедно со Русија, биле двете главни директно заинтересирани големи сили на Балканот. Првиот дипломатски претставник на Австриското Царство бил Фридрих Мајер. До крајот на 1950-тите, се смениле многу конзули и вицеконзули - Атанацкович, Вестер Мајер, Вулетич, Франц фон Соретич и други. Од 1890 до 1892 година, дипломатски претставник на Австроунгарија во Битола бил вицеконзулот Погачер. Во турбулентните времиња пред и по Илинденското востание, конзул бил Август Кинг, чии извештаи биле важни извори за политички, економски, трговски, културни, образовни, етнографски, статистички факти во вилаетот. Од јануари 1905 до декември 1908 година се смениле многу претставници: Оскар Прохаска, Парчер, д-р Ранци, Ричард Опенхајмер, Јеличка, Посваи и Тахи.[1]
Конзулатот бил сместен во куќа на улица Широк Сокак бр. 37.[1]
На 14 јуни 2015 година во Битола, сега во Република Македонија, повторно бил отворен почесен австриски конзулат. Истиот се наоѓа на улица „Климент Охридски“ бр.35/3. [2]
Дипломатски претставници во Битола
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Миновски, Никола, НУ Завод и Музеј - Битола. „Австриски конзулат – Конзулска Битола“. Bitola.info. Посетено на 27 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Почесен конзулат на Австрија во Битола“. Bitola.info. Посетено на 16 октомври 2020 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Lory, Bernard (2011). „Un poste consulaire en Macédoine, Bitola-Monastir, 1851-1912“. Cahiers balkaniques. 38-39. doi:10.4000/ceb.849. Посетено на 2017-12-29. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)