Бугарски конзулат во Битола
Генерален конзулат на Бугарија во Битола — дипломатско претставништво на Бугарија во Битола, денес сместено во зграда на булеварот „1 Мај“ бр. 53.
Историја
уредиКонзулатот бил отворен во 1897 година, кога градот бил во Отоманското Царство, со ранг на трговска агенција. Конзулатот се наоѓал во еклектична зграда со неокласични влијанија, денес на улицата „Јорго Османо“ бр. 20. Првиот трговски агент бил Никола Стојчев (1897 - 1899).[1]
По прогласувањето на независноста на Бугарија во 1908 година добива статус на конзулат. Бил затворен по објавувањето на Балканската војна на 5 октомври 1912 година [2]
Неговата архива се чува во фондот 331K во Централниот државен архив во Софија. Се состои од 381 архивска целина од периодот 1897 - 1912 година.[2]
На 27 декември 2006 година, Бугарскиот конзулат повторно бил отворен во Битола, сега во Република Македонија.[3]
Раководители
уредиИме | Години | Позиција |
---|---|---|
Никола Стојчев | 30 март 1897 | трговски агент |
Петар Михаилов | 24 септември 1898 | трговски агент |
Георги Кожухаров | 16 август 1903 | управител |
Андреј Тошев | 31 октомври 1903 | трговски агент |
Никола Семенов | 1905 | управител |
Живко Добрев | 22 септември 1905 | управител |
Живко Добрев | 14 ноември 1905 | трговски агент |
Тодор Недков | 4 јануари 1908 | трговски агент |
Тодор Недков | 18 јануари 1910 | конзул |
Милан Попов | 7 октомври 1913 | конзул [4] |
Александар Козаров | од 1914 | конзул [5] |
Наум Кајчев | 2007 - 2010 | генерален конзул |
Илијан Караманов | 2010 - 2011 | времен управител |
Данчо Мичев | 2011 - 2013 | времен управител |
Теодор Русинов | 2013 - 2018 | генерален конзул |
Димитар Иванов | 2018 - | генерален конзул |
Дипломатски претставници во Битола
уредиНаводи
уреди- ↑ „Бугарски Конзулат – Конзулска Битола“. Bitola.info. Посетено на 27 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 2,0 2,1 „Българско консулство в Битоля“. Информационна система на Държавните архиви. Посетено на 25 декември 2017 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Бугарски конзулат во Битола“. Bitola.info. Посетено на 27 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Матеева, Мария (1988). Консулските отношения на България 1879 – 1986. София: Държавно издателство „Петър Берон“. стр. 112. no-break space character во
|title=
во положба 39 (help) - ↑ в-к Воля, бр. 492, 17 септември 1914, с. 2
- ↑ Lory, Bernard (2011). „Un poste consulaire en Macédoine, Bitola-Monastir, 1851-1912“. Cahiers balkaniques. 38-39. doi:10.4000/ceb.849. Посетено на 2017-12-29. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)