Руска „алтернативна“ проза
Руска „алтернативна“ проза е збирка раскази од руски автори, објавена во 1994 година од издавачката куќа „Темплум“. Преводот од руски јазик го направил Павел Попов.[1]
Технички одлики
уредиКнигата, која е објавена во рамките на библиотеката “Влијанија”, има 176 страници. Каталогизацијата е извршена од Народна и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ - Скопје. Книгата е со мек повез и мал формат (15 сантиметри). Лектурата, коректурата и графичкото уредување е дело на фирмата “Кома”. На насловната корица се наоѓа интервенција врз детаљот од „Фундаменталниот лексикон“ на Гриша Брускин.[2]
Содржина
уредиВо збирката се застапени 16 раскази од 15 руски писатели. Покрај нив, на крајот од книгата е даден поговор, потпишан од Павел Попов и Аббе Бузони. Книгата ги содржи следниве раскази:[2]
- Василиј Аксјонов, Негативот на позитивниот лик
- Владимир Казаков, Моите средби со В. Казаков
- Димитриј Бакин, За одењето бестрага
- Евгениј Попов, Ќебето на Сун Јатсен
- Анатолиј Гаврилов, У! У! У!
- Саша Соколов, Вознемирената кокона
- Александар Терехов, Харон
- Виктор Ерофеев, Телото на Ана, или Крајот на руската авангарда
- Вјачеслав Пјецух, Последното патување
- Вјачеслав Пјецух, Сухов, сквернувачот на гробови
- Викторија Фролова, Бомба
- Виктор Соснора, Книга на празнините
- Људмила Петрушевска, Три реквиеми (Сирак, Смислата на животот, Мистика)
- Татјана Толста, Серафим
- Петар Кожевников, Дупло
- Сергеј Медведев, Чудни раскази