Рупелски ветар

ветар во Егејска Македонија
(Пренасочено од Рупелски ветер)

Рупелски ветар (грчки: Ρουπελιώτης, Рупелиотис) — ладен и сув северен ветар во Егејска Македонија. Се движи по долината на реката Струма низ Серското Поле и стасува до Струмскиот Залив. Кога овој ветар дува во Сер, речиси истовремено во Солунското Поле дува друг ветар — вардарецот. Има слична брзина како вардарецот; присутен е околу 40-50 денови во годината, a во текот на десетина дена е бурен, надминувајќи јачина од 8 по Бофоровата скала. Поради сувоста во подрачјата кајшто дуваат ветровите, при ниски температури овие ветрови можат да нанесат щети врз реколтата.[1]

Овој ветар има многу сличности со вардарецот, но според некои извори рупелскиот е многу послаб. Неговата средна честота изнесува околу 35 дена во годината, и тоа во студениот период.[2]

Наводи

уреди
  1. „Θεσσαλονίκη: Βαρδάρης και Χορτιάτης «χρωματίζουν» το κλίμα“ (грчки). Архивирано од изворникот на 2014-06-20. Посетено на 23 април 2013. Занемарен непознатиот параметар |издател= (help); Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Στάθης, Δ (2015). Η ατμόσφαιρα σε κίνηση. Σε: Μαθήματα δασικής μετεωρολογίας και κλιματολογίας (PDF) (грчки). Αθήνα: Σύνδεσμος Ελληνικών Ακαδημαϊκών Βιβλιοθηκών. κεφ 7. стр. 147. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-09. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)