Руеви
Индиски орев
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Сапуновидни
Семејство: Руеви
(R.Br.) Lindl. (1831)
Типски род
Индиски орев (Anacardium)
Родови

во текстот.

Руевите (науч. Anacardiaceae)[1]семејство на цветни растенија што дава јаткасти плодови и во некои случаи го создава раздразнувачот урушиол. Во семејството влегуваат многу родови, од кои неколку се од стопанско значење. Попознати растенија се индискиот орев, мангото, рујот и дрвото марула. Родот Ф’стак (Pistacia) (каде спаѓаат ф’стакот и мастиковото дрво) денес обично се вклучува во семејство, но понекогаш и во своја семејство Ф’стаци (Pistaciaceae).[2]

Некои родови

уреди

Опис

уреди
 
Lannea grandis во Бантен, Индонезија

Растенијата од семејството се дрва и грмушки кои се многу отровни, напати со смолест или млечен сок што оддава непријатна реа.[3] Каналите за смола во внатрешната влакнеста кора внатрешниот влакнопроводниот систем во стеблата, корењата и листовите се својствени за сите членови на семејството; каналите за смола во меката срцевина се среќаваат кај многу видови, а кај неколку вида истите се сместени во главната срцевина или обичната кора. Мошне застапени во семејството се и танинските пазувки.[4]

Листовите се наизменични (ретко спротивни)[5] и немаат прилисници.[3]

Цветовите растат на крајот од гранката или стебленцето, или пак од прав агол на местото кајшто листот излегува од стебленцето, и има прицветници.[3] Цветовите се двополови и машки кај некои растенија, и двополови и женски кај други, или пак цветови што имаат и прашници и плодници (т.н. „совршени“). Венчето има 3 до 7 пресечени чашкини ливчиња и ист број на венечни ливчиња (некои и без нив), кои се преклопуваат на пупката. Прашниците се или двојно повеќе или исто колку венечните ливчиња.

Плодовите ретко се отвораат при зрелост[3] и најчесто се јаткасти.[5]

Семените обвивки се многу тенки и налик на кора. Имаат малку или воопшто немаат ендосперм. Котиледоните се месести.[5] Семињата се поединечни, без белка околу зародишот.[3]

Екологија

уреди

Семејството највеќе изобилува во потопли краишта, а во умерените предели живеат само малку видови.[5] Ваков пример се гроздестиот руј (Rhus coriaria) и влакнестиот руј (Cotinus coggygria) кои се автохтони во Република Македонија[6] и јужна Европа.

Употреба

уреди

Извесни членови на семејството даваат индиски ореви, ф’стаци и други плодови како мангото и марулите.[3]

Некои видови имаат вискозна течност што поцрнува и се користи како премаз и за бојадисување.[3] Јадливите оревчиња од ова семејство се сметаат за благотворни за мозокот.[3]

Наводи

уреди
  1. Наречена по рујот (Rhus). Доколку строго се следи научниот назив Anacardiaceae, тогаш народното име на родот би било „индиски ореви“
  2. Tingshuang Yi, Jun Wen, Avi Golan-Goldhirsh and Dan E. Parfitt (2008). „Phylogenetics and reticulate evolution in Pistacia (Anacardiaceae)“. American Journal of Botany. 95 (2): 241–251. doi:10.3732/ajb.95.2.241. PMID 21632348.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Natural System of Botany (1831), pages 125-127
  4. Systematic Anatomy, (1908), стр. 244-248
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Northern United States (1897), стр. 25
  6. Руј“, „Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1287.

Надворешни врски

уреди