Роуз Локонјен
Роуз Натик Локонјен (родена на 24 февруари 1995 година)[1] е спортистка од Јужен Судан, но која подоцна живеела и тренирала во Кенија.
Локонјен пристигнува во Рио де Жанеиро за Летните Олимписки игри 2016 година | |
Лични податоци | |
---|---|
Роден(а) | 24 февруари 1995 |
Висина | 1.57 m |
Тежина | 50 kg |
Спорт | |
Земја | Јужен Судан |
Дисциплини | 800 метри |
Тренер | Тегла Лорупе |
Инфо од 16 Август 2016. |
Ран живот
уредиЛоконјен е родена во Јужен Судан. Нејзиниот татко е војник, а таа има четири помали браќа и сестри. Кога имала 10 години, Локонјен и нејзиното семејство побегнале пеш од војниците во нивното село Чукудум.[2][3] Семејството потоа се сместило во задниот дел на еден камион и тргнало кон бегалскиот камп Какума во северозападна Кенија.[2] Нејзините родители ја напуштиле Какума во 2008 година, но ги оставиле Локонјен и нејзините браќа и сестри во бегалскиот камп.[3] Кога стигнала до средно училиште, додека сè уште живеела во бегалскиот камп, Локонјен почнала да трча за забава.[2][3]
Кариера
уредиМеѓународниот олимписки комитет и фондацијата Тегла Лороупе одржале трки во бегалските кампови како обиди за можно учество на Летните олимписки игри 2016 година. Локонјен најпрво се обидела, трчајќи боса, на растојание од 5.000 метри и победила на оваа трка, која и овозможила да напредува до Нгонг.[2][3] Таа продолжила да тренира заедно со другите олимписки надежни бегалци во Нгонг пред да биде известена преку пренос во живо од Женева, Швајцарија дека е избрана да се натпреварува. Нејзин тренер бил Џон Анзра.[2]
Таа била избрана од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреварува за Олимпискиот тим од бегалци на 800 метри за жени на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, Бразил.[4] Олимпискиот тим од бегалци бил првиот во олимписката историја. Локонјен била еден од петте спортисти на бегалскиот тим родени во Јужен Судан[5] и била знаменосец на тимот на церемонијата за отворање.[6] Натике завршила на седмата позиција во првото коло со време од 2:16.64. Таа не напредувала.[7] Таа, исто така, се натпреварувала на Олимпијадата во Токио 2020 година.
Таа тренира со Тегла Лороупе, кенијски светски рекордер, тркач на долги патеки.[3]
Натпревари
уредиГодина | Натпреварување | Град | Место | Настан | |
---|---|---|---|---|---|
Претставување на спортисти бегалци | |||||
2016 | Летни олимписки игри | Рио де Жанеиро, Бразил | 7ма (h) | 800 метри | 2:16.64 |
2017 | Светско првенство | Лондон, Обединето Кралство | 8ма (h) | 800 метри | 2:20.06 |
2019 | Светски штафети на ИААФ | Јокохама, Јапонија | 7ма | Мешана штафета 2×2×400 метри | 4:08.80 |
Светски првенства | Доха, Катар | 7ма (h) | 800 метри | 2:13.39 | |
2021 | Летни олимписки игри | Токио, Јапонија | 8ма (h) | 800 метри | 2:11.87 |
Наводи
уреди- ↑ „Rose Nathike Lokonyen“. rio2016.com. International Olympic Committee. Архивирано од изворникот на 25 November 2016. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 McKenzie, David; Duggan, Briana; Muhire, Fabien (1 August 2016). „They came as refugees and left as Olympians“. CNN.com. Посетено на 4 November 2016.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Marché, Patrick (16 June 2016). „Olympic refugee team: shoeless Rose Nathike Lokonyen becomes envoy for peace“. rio2016.com. Архивирано од изворникот на 6 August 2016. Посетено на 5 August 2016.
- ↑ „Refugee Olympic Team“ (PDF). International Olympic Committee. Посетено на 5 June 2016.
- ↑ „5 South Sudanese refugees to run in Rio Olympics“. Radio Tamazuj. 4 June 2016. Архивирано од изворникот на 4 November 2016. Посетено на 4 November 2016.
- ↑ „Refugee Olympic Team flagbearer announced“. International Olympic Committee. 4 August 2016. Посетено на 5 August 2016.
- ↑ „Women's 800m Round 1“. Rio2016.org. Архивирано од изворникот на 4 November 2016. Посетено на 4 November 2016.
Олимписки игри | ||
---|---|---|
Претходник Прв |
Знаменосец за Предлошка:ЗнамеIOC Рио де Жанеиро 2016 |
Наследник Јусра Мардини & Тачловини Габријесос |