Ролс-Ројс 10 hp
Rolls-Royce 10 H.P. — првиот автомобил на Ролс-Ројс кој излегол во 1904 при основањето на претпријатието. Бил изложен на парискиот мотор-салон истата година заедно со моделите со 15, 20 и 30 КС. Моделот 10 КС бил сличен на првиот автомобил изработен од Сер Хенри Ројс кој се продавал под името „Ројс“ (Royce) во 1903. За разлика од тој автомобил, кој имал зарамнет ладилник, Ролс-Ројс-от имал ладилник со триаголен горен дел, кој потоа се јавува на сите останати модели.
Производител | Ролс-Ројс |
---|---|
Период | 1904 - 1906 16 произведени |
Наследник | Ролс-Ројс 20 |
Мотор | 1.995 см³ |
Меѓуос. раст. | 1.905 мм |
Должина | 3.175 мм |
Ширина | 1.400 мм |
Дизајнер | Сер Хенри Ројс |
Моторот бил со водено ладење, два цилиндра со 1995 cm³ со вентили со горен отвор и страничен издув кој се засновал на моторот на првичниот Ројс, но со подобрено коленесто вратило. Моторот давал сила од 12 КС (9 kW) при 1000 врт/мин. Автомобилот развивал максимална брзина од 63 км/ч. Бил мал автомобил со оскино растојание од 1219.2 mm обем на тркало од 1219.2 mm.
Биле предвидени 20 автомобили, но биле направени само 16 бидејќи се сметало дека двоцилиндричниот мотор не е соодветен за марката. Последниот 10 КС бил произведен во 1906.
Ролс-Ројс не бил произведувач на каросеријата. Наместо тоа, автомобилите се продавале во шасии, па купувачот посебно нарачувал каросерија од каросерист, каде Баркер бил препорачан.
Денес зачувани се два примерока: еден со регистрација AX 148, кој е првиот произведен, во Манчестерскиот музеј на наука и индустрија, а другиот, SU 13 е во сопственост на Бентли Моторс.
Наводи
уреди- Rolls-Royce Motor Cars пристапено на 2 февруари 2006 (англиски)