Родна Јанчева (родена 23 јануари1949 година во Велес) македонски писател. Пишува поезија и романи. По професија е специјалист по социјална работа во социјалната заштита.

Биографија уреди

Родна Јанчева е родена на 23.01.1949 год. во Велес. Основно образование завршува во ОУ.„Св Кирил и Методиј“ Велес средно образование во Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес. Своето образование го продолжува во Скопје на Филозовскиот факултет на  институт за социјална работа и социјална политика. На посдипломски специјализира„социјална држава“ и добивa звање Специјалист по социјална работа во социјалната заштита. Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес.Со поетско творештво се занимава од првите школски години .Застапена е во повеќе антологии на македонскиот, балкански и европски зборници,[1] алманаси, заеднички збирки.[2] Наградувана е на литературни конкурси. Во 2022 год. ја добива литературната награда „Коле Неделковски“.[3] Како поет учествува и на многу поетски манифестации во градот,[4] на Детски Рацинови средби[5] и поетски манифестации во Македонија. Свои песни има објавено и во „Списание Велес“ кое излегува еднаш годишно.

Библиографија уреди

Автор е на следниве романиː

  • „Детето со променет идентитет“-роман (2016)[6]
  • „На брегот на Еуфрат“-роман (2017)
  • „Неспокој“ роман (2018) Романот на меѓународен конкурс награден со сребрена плакета за издадена книга во 2018 год. [7]
  • „Во тишината на немирот“ роман (2019) награден на интернационалната литературна манифестација „Литератопија“
  • „Непребол“ роман (2022)

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Родна Јанчева
 
Портрет на писателката Родна Јанчева
Роден(а)Родна Јанчева
23.01.1949 год
Статусписател
НационалностМакедонка
ОбразованиеСпецијалист по социјална работа во социјалната заштита
ОрганизацијаКлуб на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес
  1. „Излезе книгата „Љубов" со песни од повеќе автори“. Библиотека Охрид (англиски). 2022-04-22. Посетено на 2024-01-24.
  2. admin (2019-04-09). „Неверство - Родна Јанчева“. Крајбрежје. Посетено на 2024-01-24.
  3. Костова, Марина (2022-09-02). „ПИСАТЕЛКАТА РОДНА ЈАНЧЕВА ЈА ДОБИ ВЕЛЕШКАТА НАГРАДА „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ". СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2024-01-24.
  4. „Велес го чествува Илинден“. Општина Велес. Посетено на 2024-01-24.
  5. Во чест на Рацин! | Родна Јанчева | By Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ - Велес | Facebook, Посетено на 2024-01-24
  6. „„Детето со променет идентитет" прв роман на велешанката Родна Јанчева - ДУМА.мк“. 2016-03-26. Посетено на 2024-01-24.
  7. „28 книги во трка за „Роман на годината". Радио МОФ (англиски). 2018-01-18. Посетено на 2024-01-24.