Роденденска торта
Роденденска торта е било кој вид на торта што се служи за време на прославата на роденденот во западно европските земји, уште од 19 век.[1] Традицијата на пеење родендеска песна и сечење на родендеска торта е дел од европската култура. Поставувањето на запалени свеќички на тортата се појавува во Германија во XVIII век. Во светот постојат различни водови на роденденски торти, и не постои еден вид торта или правило за тоа каква торта може да се нарече роденденска.
Чоколадна роденденска торта | |
Вид | Торта |
---|---|
Дел од оброкот | Десерт |
Историја
уредиСе смета дека во Стар Рим и Стара Грција за роденден се служеле 'торти' направени од брашно, јатки и мед, како и за свадба. Во Европа, зборовите „колач“ и „леб“ се преклопувале, и единствената разлика меѓу нив била што колачот треба да е благ, а лебот не. Во 15 век во Германија, пекарите продавале некој вид на колач наменет за роденденска прослава, и ова се смета за почеток на роденденските торти какви што ги знаеме денес.[2] Тортите кои се правеле во текот на 17 век, содржеле декорација, по што потсетуваат на денешните роденденски торти.
Денес вообичаено е пред славеникот да се изнесе торта или колач со запалени свеќички. Славеникот ги дува свеќите, а присутните му пеат роденденска песна. Најчесто се пее песната „Среќен роденден“ во земјите од англиското говорно подрачје, или нејзин превод на јазикот на земјата каде се слави, или пак некоја соодветна песна. Факт е дека изразот „Среќен роденден“ (Happy Birthday) се појавил напишан декоративно на тортите дури откако роденденската песна („Happy Birthday to You“) била популаризирана на почетокот на 20 век.
Роденденската торта како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Секој деветти ноември“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[3]
- „Роденденска торта“ (англиски: Birthday Cake) — песна на американското дуо Cibo Matto од 1996 година.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Birthday Cakes: History & Recipes - Online article with an extensive bibliography“.
- ↑ http://www.fakulteti.mk/news/13-02-25/istorija_na_rodendenskata_torta.aspx[мртва врска]
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 512-513.
- ↑ YouTube, Cibo Matto - Viva! La Woman (Full Album) (пристапено на 22.4.2017)
„Роденденска торта“ на Ризницата ? |